Позитива на денот: 576 шкотски овчари на едно место за совршена фотка

Безмалку 600 сопственици на кучиња од расата шкотски овчар се собраа на едно место со цел да постават неофицијален рекорд за најмногу кученца од ваков тип собрани на иста локација.

576-skotski-ovcari-na-edno-mesto-za-sovrsena-fotka-01.jpg

Ивон МекГрат која е основачот на Фејсбук групата која ги обединува обожавателите и сопствениците на овие кучиња во Австралија имала желба да се соберат во колку што е можно поголем број на едно место и да се фотографираат.

576-skotski-ovcari-na-edno-mesto-za-sovrsena-fotka (2).jpg

576-skotski-ovcari-na-edno-mesto-za-sovrsena-fotka (1).jpg

Претходниот неофицијален светски рекорд на најмногу шкотски овчари на едно место изнесувал 503, фотографирани во 2013 година.

Гинисовата книга на рекорди, за жал, не прифаќа фотки на кои има само одреден тип на кучешка раса, но и покрај тоа настанот е многу симпатичен и забавен.

Воедно, биле собрани и 6.000 австралиски долари кои ги дале во добротворни цели, повторно наменети за животните.

576-skotski-ovcari-na-edno-mesto-za-sovrsena-fotka (3).jpg

Зарем ова не е една прекрасна идеја? Воопшто не е тешко да се изведе и во Македонија, нели?

Погледнете како изгледал целиот настан:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава