Работи со кои може да му наштетите на кучето, без воопшто да сте свесни за тоа

Ако употребувате казна со физичко насилство

Да, кучињата треба да бидат дисциплинирани, но насилството не е решение и начин за казнување.

Тренингот базиран на награда е многу поефективен од дисциплината постигната со тепање. А, ако не може да успеете, можеби треба да го дадете на дресура кај некој поискусен.

shtetni-raboti-koi-mozhebi-mu-gi-pravite-na-kucheto-bez-voopshto-da-ste-svesni-07.jpg

Ако не го заштитувате за време на возење

Исто како што возрасните користат појас, и како што на децата им ставате појас и помошни седишта, така и за кучињата треба да се обезбеди сигурност бидејќи и тие може да се повредат ако шетаат наоколу во автомобил кој вози.

Распрашајте се и одберете најдобар начин кој ви одговара за да го заштитите кучето при возење.

shtetni-raboti-koi-mozhebi-mu-gi-pravite-na-kucheto-bez-voopshto-da-ste-svesni08.jpg

Ако му викате на кучето кога ќе погреши нешто

Викањето е уште една работа која не треба да ја практикувате при дисциплинирањето. Не функционира, а само ќе го исплашите кучето од вас.

shtetni-raboti-koi-mozhebi-mu-gi-pravite-na-kucheto-bez-voopshto-da-ste-svesni-09.jpg

Ако оставате опасни предмети во околината

Исто како што родителите го обезбедуваат домот за да биде безопасен за децата, така треба тоа да се направи и за кучињата.

Погрижете се да не оставате ништо на дофат што може да им наштети, како голтање лекови, нокти, батерии, други мали предмети, па дури и чорапи.

shtetni-raboti-koi-mozhebi-mu-gi-pravite-na-kucheto-bez-voopshto-da-ste-svesni10.jpg

M. M. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 важни работи што треба да ги земете предвид кога го шетате вашето куче Секогаш собирајте го изметот на кучето и немојте да го влечете додека го шетате....
Го прегрнувате и уште 8 грешки со кои можете да предизвикате агресија кај кучето, според ветеринари Немојте да го дресирате кучето со казнување – очигледно е зошто удирањето и пока...
8 работи што мора да ги правите за вашиот миленик, според ветеринари Ставете две кутии со песок за мачката, немојте да ги бањате милениците со шампон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg