Пред 10 години докторите му предвидувале уште 3 месеци живот - љубовта кон кучињата го спасила

Пред 10 години се соочил со мрачна прогноза од докторите, но сега е здрав, има семејство и работа од соништата.

pred-10-godini-mu-bile-predvideni-3-godini-zivot-ljubovta-kon-kuchinjata-go-spasila-01.jpg

На Зек Скау пред 10 години докторите му предвиделе дека има само уште 3 месеци живот поради заболување на црниот дроб. Тој тогаш одлучил комплетно да го промени својот живот и целосно им се посветил на неговите три вдомени кучиња.

Во главата одлучил дека мора да ја победи болеста, а дека неговите миленици му се „тимот“ за да успее во тоа.

Зек имал долга борба со зависноста од алкохол и дрога. Дошол до момент кога ако не престанел да го празни шишето до крај, ќе почине. Докторите му рекле дека има само уште 90 дена живот, освен ако не направи трансплантација на црн дроб.

Во тој миг сфатил дека само за неговите кучиња не е очаен човек, туку е личност која тие ја обожаваат. Тие се радувале на иднината со него.

Па, бидејќи не можело да му биде направена трансплантација на црн дроб без да биде трезен, одлучил да се ослободи од зависностите. Зек престанал со дрогата и алкохолот, почнал да се храни поздраво, да вежба и да го посветува времето на своите прекрасни, енергични кучиња.

Ситуацијата почнала да му се подобрува, а на крајот дури и немал потреба од трансплантација на црн дроб.

Зек го посветил својот живот на спасување на кучиња и ја води програмата „Miracle Mutts“ со која спасил преку 5.000 кучиња, кои потоа ги подобриле животите на нивните нови сопственици.

Тој испраќа кучиња на луѓе болни од рак, на затвореници, на луѓе со инвалидитет, поточно на секој кој има потреба од куче.

Вели дека ја пронашол смислата на неговиот живот и ужива што работи како професионален спасувач на кучиња, кои потоа спасуваат животи на луѓето.

Дел од неговите фотки на Инстаграм:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емилија од Кочани: „Како животот ми се разубави откако си земав кученце од расата бишон фризе?“ „Бишон фризе е добропозната раса, доста популарна во последно време, препознатли...
Мал ној, маче најдено во гума – фотки од бебиња животни ќе ви го разубават денот Можеби не секој е љубител на животните, но речиси и да нема личност која не се „...
Си тераат по свое: Зошто не можеме да ги тренираме мачките така лесно како кучињата? Никогаш не заборавај: Ти не си ѝ потребен за да преживее. Веројатно сте заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg