Како да го прочитате говорот на телото на вашето домашно милениче?

Веќе на сите ни е јасно што значи мавтањето со опашката кај кучињата или трепкањето со очите кај мачките. Но, како подлабоко да навлезете во проучување на говорот на нивните тела?

kako-da-go-prochitate-govorot-na-teloto-na-vasheto-domashno-mileniche-01.jpg

Секако, во домашни миленичиња спаѓаат и зајаците, морските прасиња, хрчаците, папагалите, аквариумски рипки и многу други животинчиња чиј говор на тело не е толку лесен за толкување.

Сепак, како одговорен сопственик треба барем да се обидете.

Прочитајте внимателно што можеби вашиот миленик ви порачува:

Морски прасиња и зајачиња

Овие животни не сакаат да се галат. Кога ќе ги земете во раце, тие се вкочануваат од страв и паника.

Тие во природата се најчесто плен на поголемите грабливци, па немојте да ги земате од зад грб, бидејќи помислуваат дека се уловени. Најдобро е да ги набљудувате директно во лицето.

Очајното цивкање и кај морските прасиња и кај зајаците е знак дека се исплашени и дека треба да се повлечете.

kako-da-go-prochitate-govorot-na-teloto-na-vasheto-domashno-mileniche-02.jpg

Хрчаци

Хрчаците никогаш не треба да им ги давате на деца за да си играат. Тие сакаат да спијат и никој да не им пречи, особено преку ден.

Ако некој насилно ги извади од кафезот, може да го гризнат. Но, прифатете го и тоа дека хрчаците се најдинамични ноќе, кога сопствениците се обидуваат да спијат.

kako-da-go-prochitate-govorot-na-teloto-na-vasheto-domashno-mileniche-03.jpg

Кучиња и мачки

Кучињата мавтаат со опашките и кога се среќни, но и кога се лути или агресивни. Разликата ќе ја забележите во тоа што лутото куче е во грч, спуштени му се ушите и 'ржи.

Кај мачките пак, ова е јасен знак дека треба да ги оставите на мир, бидејќи не им се допаѓа тоа што го правите. Ако им се спуштени и ушите, а зениците целосно собрани, тогаш вашата мачка е лута и иритирана, па не треба да ја задевате.

kako-da-go-prochitate-govorot-na-teloto-na-vasheto-domashno-mileniche-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава