Животни спасени од зоолошка од пеколот во Албанија - лавот во агонија со инфицирано око (фото)

Мали депресивни кафези, неправилна исхрана, недостиг од нега од ветеринар... Овие животни живееле во хорор услови.

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-01.jpg

Албанските власти ја затворија зоолошката од пеколот „Safari Park Zoo“ во градот Фиер, откако анонимен фотограф објави низа фотографии од ужасните услови во кои живеле животните таму.

Лавот изгледа како да е во агонија и има инфицирано око, другите животни како волците и елените изгледаат истоштено и депресивно.

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-05.jpg

Фотографот вели дека хигиената била на ужасно ниво во оваа зоолошка градина, животните едвај преживувале во мизерните кафези и дека се соочуваат со низа психолошки проблеми поради несоодветниот третман, како што се и немање грижа од ветеринар и неправилна исхрана.

Камерата во овој случај се покажа како одлично оружје во поглед на прекинување на ужасниот третман кон животните. Станува збор за приватна зоолошка во Фиер во која имало три лавови, зебра, неколку елени, мајмуни, мечка и волк.

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-03.jpg

Сега, овие животни конечно ќе имаат шанса за посреќен живот.

Дел од фотографиите од зоолошката од пеколот:

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-09.jpg

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-08.jpg

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-07.jpg

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-06.jpg

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-04.jpg

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-02.jpg

lav-vo-agonija-so-inficirano-oko-zhivotni-spaseni-od-zooloshka-od-pekolot-vo-albanija-foto-10.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ново бебе лама + сите бебиња што се родија во Скопје ЗОО периодов (фото) Во Скопје ЗОО после повеќе од 20 години се родија лавчиња. За првпат имаме бебе ...
10 докази колку љубовта на луѓето им го менува животот на гладните и бездомни животни „Пред две години ова маче беше пронајдено на патот, без знаци на живот, не ги от...
Слатка бебе коза со нереално долги ушиња - дури се сопнува на нив (фото) Нејзините уши се долги 46 сантиметри и се веат на ветрот околу нејзиното слатко ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg