5 болести кои можете да ги пренесете на своето куче

Многу често читаме дека домашните миленици можат да им пренесат одредени болести на своите сопственици, но ни тие не се поштедени од човечките болести.

ne-ste-ni-svesni-za-toa-5-bolesti-koi-mozhete-da-gi-prenesete-na-svoeto-kuche-01.jpg

Кога се работи за кучињата, важно е да се напомене дека тие се почувствителни на болести отколку што ни се чини, па дури и најмал контакт со вас додека сте болни, е ризик за нив.

Ова се пет болести кои најчесто се појавуваат кај луѓето, но можат да бидат лесно пренесени кај кучињата:

Грип

Симптомите се слични како и кај луѓето - отежнато дишење, кашлање, кивање и некоординирани движења. Во консултација со ветеринар, внесете додатоци во исхраната на кучето и дозволувајте му повеќе да се одмара.

ne-ste-ni-svesni-za-toa-5-bolesti-koi-mozhete-da-gi-prenesete-na-svoeto-kuche-02.jpg

Кожни заболувања

Кожните лишаи и габичните инфекции лесно може да се пренесат на кучето. За разлика од луѓето, тие не знаат да го контролираат нагонот на чешање и рака лесно можат да ја разнесат инфекцијата по целото тело. Потребно е да се третира локално, со маст или крема препорачани од ветеринарот.

Заушки

Колку и да ви звучи необично, кучињата лесно може да се заразат со заушки. Ќе забележите промени во расположението, покачена температура, а во потешките случаи и отоци на плунковите жлезди. За олеснување на симптомите, обратете се кај ветеринарот.

ne-ste-ni-svesni-za-toa-5-bolesti-koi-mozhete-da-gi-prenesete-na-svoeto-kuche-03.jpg

Салмонела

Заразата со салмонела предизвикува слични симптоми како и кај луѓето. Бактеријата се наоѓа во термички необработена храна, чувана во лоши услови. Доколку кучето има температура, дијареја или повраќа, внимавајте да не дехидрира. Однесете го на ветеринар, бидејќи при ваква зараза потребно е да се примат антибиотици и по потреба инфузија.

Туберкулоза

Иако оваа болест во денешно време е навистина ретка, не е невозможно кучето да се зарази од болна личност. Доволно е само заразената личност да кивне во негова близина, или пак кучето да ги лиже рацете на болниот, за лесно да се зарази.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава