Запознајте ги индиските верверички, чии крзна се прелеваат во неколку бои


Запознајте ги индиските верверички, чии крзна се прелеваат во неколку бои

Во Индија живее редок вид на верверички, кои се далеку поголеми од оние кои ни се познати. Но, тоа не е единствената разлика од обичната шумска верверичка.

zapoznajte-gi-indiskite-ververichki-chii-krzna-koi-prelevaat-vo-nekolku-boi-kje-ve-voodushevat-01.jpg

Освен што се големи, нивните крзна прелеваат во неколку бои, создавајќи импресивни и уникатни шари. Основната боја им е нијанса на бордо, што е ретко за цицач.

Понатаму, нивното крзно прелева во нијанси на портокалова, кафеава и виолетова, а во делови на телото се и црни. Освен што ваквиот изглед ги воодушевува луѓето кои ги гледаат, нив всушност им помага да преживеат во дивината.

zapoznajte-gi-indiskite-ververichki-chii-krzna-koi-prelevaat-vo-nekolku-boi-kje-ve-voodushevat-06.jpg

Во мрачните делови од шумите тие се практично невидливи, но кога излегуваат на сончева светлина, ги оставаат набљудувачите без зборови.

Овие интересни животни се хранат со овошја, јадливи цвеќиња, јатки и кора од дрвjа. Некои од нив јадат и инсекти и штотуку снесени јајца од птиците наоколу.

Ретко се симнуваат на почвата, а најчесто може да се видат како скокаат од гранка на гранка.

zapoznajte-gi-indiskite-ververichki-chii-krzna-koi-prelevaat-vo-nekolku-boi-kje-ve-voodushevat-02.jpg

Нивниот вид е во истребување, па индиските научни друштва прават сè што е во нивна моќ да ги заштитат овие животни. Меѓу другото, се работи за многу стар вид верверички, кои всушност се прилично далечни предци на верверичките кои денеска ги познаваме.

Нив еволуцијата им помогнала да ги добијат импресивните бои, за да можат да живеат длабоко во шумите.

zapoznajte-gi-indiskite-ververichki-chii-krzna-koi-prelevaat-vo-nekolku-boi-kje-ve-voodushevat-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква храна смеете да ѝ дадете на мачката, а која не смеете по никоја ... Нема ништо потрогателно од она кога мачката неодоливо ве гледа додека јадете, а ...
Позитива на денот: Слепо куче има куче водич, кое му помага во животот... Видео од слепо куче кое се симнува по скали со помош на своето куче водич станат...
5 раси на кучиња идеални за семејства со дечиња Ветеринарите и познавачите на животни најмногу ги препорачуваат овие 5 раси на к...