Дали кучињата ги препознаваат лошите луѓе?

Кучињата се интерактивни и социјални суштества кои сигурно ќе ви „кажат“ дека се гладни, дека им се оди во тоалет или дека имаат некој проблем.

istrazhuvanje-kuchinjata-mozhat-da-prepoznaat-loshi-lugje-01.jpg

Тие се толку синхронизирани, што можат да ги почувствуваат нашите емоции, понекогаш дури и пред ние да ги процесираме. Но она што е навистина фасцинантно за овие животни е тоа што можат да ги препознаат „лошите луѓе“. Исто така, доколку изгледате недоверливо, кучето ќе одбива да ги слуша вашите наредби. Барем ова се резултатите од едно неодамнешното истражување.

Во истражувањето биле изведени неколку експерименти. Во првиот експеримент, на кучињата им бил покажан сад со храна. Кучињата отишле да го погледнат садот и храната.

Во вториот експеримент било направено истото, само што садот бил празен.

Во третиот експеримент, истиот човек повторно им го покажал садот на кучињата, на овој пат тие го игнорирале. Ова докажало дека кучињата ја гледаат личноста како недоверлива поради неговата лага во вториот експеримент.

Покрај тоа, кучето нема да се сврти против вас доколку некој друг е неискрен. Имено, првиот експеримент бил повторен и со втора личност, а кучињата ѝ верувале и отишле кон садот со храна. Ова значи дека кучињата ѝ верувале на втората личност, и покрај тоa што првата ги измамила.

„Кучињата имаат пософистицирана социјална интелигенција отколку што мислевме. Оваа социјална интелегенција селективно еволуирала низ нивната долга историја со луѓето“, изјавил Акико Такаока од Универзитетот во Кјото.

Друго истражување покажало дека кучињата одбивале храна и од луѓе кои се неучтиви кон нивните сопственици. Ова значи дека кучињата јасно го читаат, па дури и разбираат социјалното однесување помеѓу луѓето

Некои раси кучиња се поинтелигентни, и според откритијата на психологот Стенли Корен, направена е листа со 10-те најинтелигентните раси:

1. Бордер коли

2. Пудлица

3. Германски овчар

4. Златен ретривер

5. Доберман пинчер

6. Шетландски овчар

7. Лабрадор ретривер

8. Папилон

9. Ротвајлер

10. Австралиски овчар

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава