Засолниште за животни ги кани децата да им читаат на кучињата бездомници

Можеби не се сеќавате на периодот пред да научите да читате, но вашите родители сигурно ви читале приказни. А доколку имате, или кога ќе имате ваши деца, сигурно и вие ќе сакате да го правите истото за нив.

zasolnishte-za-zhivotni-gi-kani-decata-da-im-chitaat-na-kuchinjata-bezdomnici-01.jpg

Но, читањето приказни не е само за мали деца и изгледа дека и животните уживаат во оваа активност.

Засолништето Ingham од САД е дом на многу напуштени животни. Овие животни најверојатно биле жртви на малтретирање, па потребно им е повеќе време да се адаптираат на друштвото на други луѓе.

Неретко, овие животни се чувствуваат нервозно кога околу нив има луѓе.

zasolnishte-za-zhivotni-gi-kani-decata-da-im-chitaat-na-kuchinjata-bezdomnici-02.jpg

Но, од засолништето решиле да пробаат нешто што ќе им го олесни процесот на адаптирање на животните.

Тие сфатиле дека децата сакаат да читаат и имаат потреба да вежбаат читање. Од друга страна, на животните од засолништето им е потребно човечко внимание. Па, ги споиле двете нешта и ги поканиле локалните деца да им читаат на животните.

zasolnishte-za-zhivotni-gi-kani-decata-da-im-chitaat-na-kuchinjata-bezdomnici-03.jpg

Прв пат го направиле ова на 31-ви октомври, а оттогаш до денес, голем број деца волонтери се пријавиле во „програмата за читање“.

За читање можат да се пријават сите деца на возраст од 6 до 16 години, а целта на оваа интеракција е да се намали анксиозноста кај кучињата додека чекаат некој да ги вдоми.

zasolnishte-za-zhivotni-gi-kani-decata-da-im-chitaat-na-kuchinjata-bezdomnici-05.jpg

Од засолништето го најавија проектот споделувајќи дека Вафлс, едно од тамошните кучиња, навистина сака да му читаат. Најпрво тие побарале донации од детски книги, а откако споделиле за проектот со читање, уште веднаш се пријавиле доволно волонтери за првиот ден.

zasolnishte-za-zhivotni-gi-kani-decata-da-im-chitaat-na-kuchinjata-bezdomnici-04.jpg

Читањето на миленици или животи не им помага само на животните, туку и на децата што им читаат.

Наводно, децата знаат дека животните нема да им судат, па се чувствуваат поопуштено пред нив и полесно ќе го совладаат читањето. Всушност, на децата им е поудобно да читаат за некое животно, отколку пред нивните врсници или наставник.

zasolnishte-za-zhivotni-gi-kani-decata-da-im-chitaat-na-kuchinjata-bezdomnici-06.jpg

Па, изгледа дека ова е совршено решение и за малите ученици, и за кучињата кои чекаат да го најдат својот дом.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg