Јавање слон, пливање со делфини – Туристички атракции и активности кои се сурови кон животните

Цивет на плантажи за кафе

Кафето познато како Kopi Luwak може да чини од 35 до 100 долари. Цивет е животно што сака да ги јадe бобинките кафе, а Kopi Luwak се прави од зрната кафе што се наоѓаат во изметот на животното.

Но, за фармерите да произведат повеќе кафе, ги фаќаат животните и ги чуваат во мали кафези. Заробените животни се повредуваат, меѓу нив лесно се шират болести и се изложени на стрес.

Уште полошо е што ги тераат да јадат многу кафе – нешто што може да биде штетно.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-07.JPG

Борба со бикови

Оваа варварска традиција е причина за смртта на илјадници бикови секоја година.

Пред борбата, тореадорите користат разни методи за да го ослабат животното – го дрогираат, му фрлаат вреќи песок врз грбот му ги отстрануваат роговите за да му ја нарушат рамнотежата.

Наводно, некогаш му ставале и вазелин на очите за да му го влошат видот.

Во самата борба, биковите се прободувани во грбот и вратот и најчесто ја напуштаат арената парализирани.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-08.JPG

Педикир со риби

Рибите garra rufa се користат за оваа многу позната процедура. Рибите ја јадат мртвата кожа од стапалата, но не бидејќи ја сакаат, туку бидејќи се прегладнети.

Иако во некои држави рибите се заштитени со закон, луѓето сепак можат да си ги купат онлајн. Во овој случај рибите се транспортираат во пластични кеси со вода и голем дел од нив умираат.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-09.JPG

Гушкање со коала

Без сомнение коалите се преслатки животни и секој би сакал прегратка од нив.

Но во реалноста, коалите не го сакаат контактот со луѓето. За нив, ние сме премногу бучни и брзи и им предизвикуваме стрес.

Сепак, на некои туристички места коалите се присилени да прегрнуваат луѓе и да се фотографираат со нив.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-10.JPG

Возење со кочија

Многу парови мислат дека возењето со кочија влечена од коњ е романтично. Но од гледната точка на коњот, нема ништо романтично во ова искуство.

Животното е присилено да оди со часови, во секакви временски услови и сред бучни улици што го плашат.

Сето ова им создава толкав стрес на коњите, што неретко тие колабираат.

popularni-turistichki-atrakcii-i-aktivnosti-shto-se-surovi-kon-zhivotnite-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Марко и Мартина се брат и сестра мечки кои се преселија од Скопје во Швајцарија - сега уживаат на Ал... Мечињата се брат и сестра и со години живееја одделено во две различни живеалишт...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg