4-годишно момче со аутизам учи да комуницира со помош на неговото кученце

Малиот Леон има аутизам и е затворен во свој свет, не комуницира со луѓе, но има неверојатна искра во очите секојпат кога е со својот најдобар пријател, 3-годишниот кокер шпаниел Ферн.

4-godishno-momche-so-autizam-uchi-da-komunicira-so-pomosh-na-negovoto-kuchence-01.jpg

Леон Кирби Булнер од Велика Британија е 4-годишно момче со аутизам, кое има проблем во комуникацијата со околината. Но, неговите родители велат дека ситуацијата почнала да се менува благодарение на кучето Ферн, 3-годишен кокер шпаниел.

Леон станал најдобар пријател со своето куче.

Неговата мајка Хејли за нивното пријателство вели: „За жал нашиот Леон е заклучен во некој свој свет, но Ферн му помогна многу, тоа беше љубов на прв поглед. Тие брзо станаа неразделни. Првите интеракции на Леон не беа со луѓе, туку со Ферн. Тој со него доби искра во очите која не сме ја виделе претходно. Вистински љубител на животните е, Ферн го опушта.“

Семејството го чува Ферн неколку години и Леон расте покрај него и се неразделни.

Фотки од двајцата најдобри пријатели:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава