Група кучиња со инвалидитет на прошетка со инвалидски колички во Тајланд

Несовесни возачи ги оставиле овие кучиња со сериозни повреди и без можност да се движат, но група хумани луѓе им дава втора шанса за среќен живот.

grupa-kuchinja-so-posebni-potrebi-na-proshetka-so-invalidski-kolichki-vo-tajland-01.jpg

Група од 27 кучиња со инвалидитет од едно прифатилиште за кучиња во Бангкок, Тајланд, среќно се шетаат со помош на инвалидски колички.

Со размрдани опавчиња и енергични потези, кучињата повторно можат слободно да се шетаат, по сообраќајните незгоди кои ги оставиле инвалиди.

Бездомните кучиња кои живеат во ова прифатилиште имаат среќен живот и луѓе кои се грижат за нив.

Инаку, во ова прифатилиште се грижат за повеќе од 600 кучиња собрани од улиците и за прехранување на околу 350 кучиња кои уште живеат на улиците.

Хуманитарната организација која им помага на кучињата се вика „The Man That Rescues Dogs“ и е основана во 2002 година кога Швеѓанец се доселил во Тајланд и почнал да собира донации за нега на кучињата оставени на суровите услови на улицата. Во активностите учествуваат многу волонтери.

Сепак, сега се соочуваат со проблеми околу негата за кучињата поради намалените донации во време на пандемијата.

Фотки од кучињата со инвалидитет, кои добиле втора шанса за среќа:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава