Како да ги заштитите милениците кога температурите се многу високи?

Не ги изнесувајте надвор кога е најжешко и никако немојте да им го потстрижувате целото крзно.

kako-da-gi-zashtitite-milenicite-koga-temperaturite-se-mnogu-visoki-01.jpg

Како што нам ни е потребна заштита кога температурите се многу високи, истото важи и за нашите миленици.

Покрај тоа што никогаш не треба да го оставате миленикот во автомобил на жешко време, постојат и други ситници кои треба да ги земете предвид за да го заштите неговото здравје.

Како милениците се справуваат со високи температури?

Слично како кај луѓето, и кај животните може да се појави летаргија кога времето е многу жешко.

Мачките, кучињата, но и милениците како зајаци, птици и глодари чувствуваат последици од екстремно високите температури.

Нивните тела имаат систем за ладење, но поразличен од нашиот. Додека ние се потиме за да се разладиме, мачките и кучињата се потат преку шепите и носевите.

Кучињата обично се разладуваат со брзо дишење со отворена уста, додека мачките најчесто си го чистат крзното – плунката што ја оставаат испарува и ги разладува.

Но, иако си имаат свои механизми за разладување, не значи дека вие не треба да направите ништо.

kako-da-gi-zashtitite-milenicite-koga-temperaturite-se-mnogu-visoki-02.jpg

Дали некои миленици се почувствителни на високи температури?

Бидејќи постојат многу раси на кучиња и мачки, не сите се исто толерантни на високите температури.

На пример, мачките и кучињата со помалку крзно се изложени на поголем ризик ако се директно на сонце.

kako-da-gi-zashtitite-milenicite-koga-temperaturite-se-mnogu-visoki-03.jpg

Без разлика на расата, секогаш е добро да ги имате предвид следниве нешта кога времето е многу жешко:

Не ги изнесувајте надвор кога е најжешко

Во периодот од денот кога сонцето е најсилно, најдобро немојте да ги изнесувате милениците надвор.

Ако сепак морате да го изнесете кучето, тоа нека биде кратко – само колку да отиде во тоалет – и движете се само под сенка.

Ако имате мачка која ја пуштате надвор, не ѝ дозволувајте да излегува кога е многу жешко.

kako-da-gi-zashtitite-milenicite-koga-temperaturite-se-mnogu-visoki-04.jpg

Заштитете ги со облека за миленици

Ако миленикот има многу кратко крзно или има делови од телото кои не му се покриени со крзно, заштитете го со облека.

Крзното им нуди заштита од сонце на животните, па ако кожата им е директно изложена, и тие можат да добијат изгореници.

kako-da-gi-zashtitite-milenicite-koga-temperaturite-se-mnogu-visoki-05.jpg

Немојте да им го скратувате крзното

Можеби мислите дека миленикот ќе се чувствува поудобно во лето без густото крзно, но ова е погрешно. Како што спомнавме, крзното им нуди заштита и никако не треба да се отстранува.

Секако, ако имате куче со долго крзно, можете малку да му го скратите како вообичаено, но не и целосно.

kako-da-gi-zashtitite-milenicite-koga-temperaturite-se-mnogu-visoki-06.jpg

Грижете се за нивната хигиена, но не претерувајте

Мачките се животни кои самите се чистат и генерално вие не треба да правите скоро ништо за нивната хигиена. Единствен потрудете се да им го чистите песокот најмалку еднаш дневно за да го спречите разнесувањето на бактерии.

Кучињата од друга страна се малку несмасни и лесно се валкаат, па морате да ги бањате. Исто така, во лето нивната кожа лачи повеќе масти, па тие се валкаат побрзо.

Но, не треба да претерате – во лето доволно е да го бањате кучето на две недели, а помеѓу две капења чистете го со шамивчиња за кучиња.

Можете и да се консултирате со ветеринар кој ќе ви каже дали има потреба да го бањате почесто.

kako-da-gi-zashtitite-milenicite-koga-temperaturite-se-mnogu-visoki07.jpg

Внимавајте на промени во однесувањето

И мачките и кучињата можат да доживеат топлотен удар, па важно е да обрнете внимание ако забележите промени во однесувањето.

При топлотен удар мачките дишат забрзано, може да им се јави црвенило на јазикот и устата, летаргични се, а можат да почнат и да повраќаат.

Ако, пак, забележите дека мачката се однесува немирно и постојано се движи од едно на друго место низ домот, најверојатно не може да се разлади, па пуштете ѝ клима или вентилатор.

Слично однесување покажуваат и кучињата – кога им е многу жешко можат да почнат да се движат низ домот за да најдат постудено место.

При топлотен удар, и тие дишат забрзано, се лигават, срцето им чука забрзано, а можно е да се јави и промена на бојата на непцето поради дехидратација.

Ако забележите и само еден загрижувачки симптом, најдобро е веднаш да се консултирате со ветеринар.

kako-da-gi-zashtitite-milenicite-koga-temperaturite-se-mnogu-visoki-08.jpg

Погледнете и: На одмор со вашето милениче: Потребна документација за излез од државата + корисни совети

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg