Свесна дека штрковите живеат во парови, хуманата гевгеличанка Елена е подготвена да вдоми уште еден штрк, за нејзиниот Мишко да има друштво. Како што вели, во изјава за CRNOBELO.com за првпат по 1 година ги посетил ветеринар, кој рекол дека нејзиниот миленик е во добра состојба, но не сака да ја напушти безбедноста на нејзиниот дом.
Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшто не изгледа како да е во деветтата деценија од животот.
Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците?
„Беше гладен, дехидриран и целиот беше со рани затоа што родителите го клукале. Веднаш го зедов со мене и почнав прво со храна и вода, и потоа со лекување“ – раскажува за CRNOBELO.com гевгеличанката Елена, која во изминатата година му даде топол дом на штркот Мишко, кој од родителите бил оставен на милост и немилост.
Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни за луѓето – кои се најпопуларните митови за животните кои се всушност лага?
„Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од мирисот тешко ќе се ослободите“, вели дресер на кучиња кој откри кои три раси никогаш не би ги вдомил и зошто.
Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè сакаат нас. Овие фотки се доказ за тоа...
Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на листата се наоѓаат и германскиот овчар и пудлата.
Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристигне новороденчето, тогаш неколку недели однапред променете му ја рутината. Имајте на ум дека ако кучето шета помалку...
„Што е ова?“ – прашуваат голем број од корисниците на социјалните мрежи откако еден балкански твитерџија одлучи да сподели видео од ретко морско животно. Малкумина знаат дека станува збор за еден од најретките октоподи во светот.
„Куќичките се новогодишен подарок за кучињата од групата урбани уметнички/герила акции. Скопје може да биде и убав град“, пишува на Фејсбук, каде што се објавени првите фотки од шарените куќички.
„Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и оттаму ми дадоа пасош кога го зедов“ – вели во изјава за CRNOBELO.com, Дритoн Муслиу од Чаир, кој е горд сопственик на Оби, шкотска мачка каква што има и Тејлор Свифт. Како изгледа грижата за ваквите мачки и на што најмногу треба да се внимава?
За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близина на звуците од вашето семејство, но не и каде што има премногу врева.
Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средства за аквариум. Но, мора да знаете дека не секој вид е погоден...
Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку трикови и совети што ќе ви се најдат ако (првпат) чувате куче.
Многумина, откако ќе одлучат да земат домашно милениче, вообичаено си го поставуваат прашањето: Дали да избереме куче или маче? Но, зошто да не чувате зајак? Ова...
Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоуверено, како и дека лесно се адаптира на промени.
Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките животни кои тагуваат за нивните мртви и некогаш го посетуваат местото каде што го „погребале“ телото...