Грозјето е отровно за кучињата, дебелината им го скратува животот на милениците, а лилјаните можат да предизвикаат проблеми со бубрезите кај мачките.
Изгледа жителите на Тајланд се навикнати на несекојдневни ситуации и средби со животни. По огромниот гуштер кој влегол во продавница пред некој месец, деновиве се појави ново вирално видео...
Адемар Виеира е илустратор, новинар и писател од Бразил, чиј Инстаграм стана популарен благодарение на емотивните, шарени илустрации во кои секој може да се препознае...
Во градскиот парк во Бостон познат како Charles River Esplanade, се родиле неколку лебеди чија мајка починала. Но, нивниот татко ги освои срцата на јавноста со грижата што ја покажува за своите малечки.
Од Скопје ЗОО споделија слатко видео од првото бебе алпка кое се роди во зоолошката кон крајот на минатиот месец и си го доби името Дина.
Стадо од 15 слонови од загрозен вид со месеци лута низ Кина, а последниве недела-две и јавноста будно го следи неговото движење. Досега слоновите поминале над 500 километри, а неодамна застанале да одморат во шума. Слатката фотографија, пак, од нивната дремка веднаш ја освои јавноста.
Младиот инженер Реми и неговиот мачор Катод редовно одат на авантури и заедно уживаат во екстремните спортови. Овој мачор со авантуристички дух си има и свој шлем за деновите кога се возат со мотор.
Алида е млада мајка од Русија која чува навистина необично милениче – волк. Алида вели дека сега волкот е питомо милениче, но дресирањето не било воопшто лесно. Истовремено, младата мајка често е мета на критики бидејќи има и 7-годишен син.
Пејо е 15-годишен коњ кој „работи“ во болницата Calais во Франција, а неговата задача е да ги утешува и расположува пациентите кои ја губат битката со ракот, во последните денови од нивните животи.
„Кога пред 2 месеца вдомив мачка не знаев дека ќе ми даде доза љубов голема колку што е и таа.“
Што би направиле вие ако на оградата од вашиот двор ненадејно се појави мечка? Сигурно нема да го направите ова што го направила оваа жена од Јута, САД. Таа со голи раце ја турна мечката од оградата за да не ѝ ги вознемирува кучињата.
Ако имате миленик куче или планирате да вдомите, сигурно имате и стотици прашања поврзани со него. Зошто му е влажен носот, дали можете да му давате живо месо, дали некои раси се поагресивни...
Животот на слепото 6-годишно момче Рубин Хелер-Смит во целост се променил откако минатата есен му бил доделен 3-годишниот златен ретривер Веспер, со помош на организацијата Guide Dogs Cymru. Благодарение на неговиот најдобар пријател, момчето сега може да оди во нови авантури заедно со семејството.
Експертот за фаќање змии Стив Браун искористил фен за коса и парче пластика за да ја фати огромната змија што била најдена во покривот на кујната во семејна куќа во Бризбејн. Австралија. Змијата била со должина од 3 метри и тежела 8kg.
„Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски“, велат од Скопје ЗОО.
Колку би било убаво еден ден да може да одморите, а другите околу вас да ви помогнат и да ја средат куќата, нели? Велат дека многу раце се вредни, а во овој случај тоа може да се каже и за големиот број шепи.
Нашите четириножни пријатели дефинитивно се стрвни по природа...
„Средбата траеше 3-4 минути. Mечето не се поместуваше од патот, а ние причекавме за да се тргне, но не можевме, а да не го овековечиме мигот со фотографии, глетката беше прекрасна“, раскажува Теа Јовановска за CRNOBELO.com.