Кој спие најчудно, кој спие најслатко - како спијат разните животински видови?


Кој спие најчудно, кој спие најслатко - како спијат разните животински видови?

Коњите можат да спијат додека стојат, китовите го држат едното око отворено, а моржовите ги забодуваат нивните заби во мразот.

vidrite-se-drzhat-za-raka-lavovite-sakaat-da-se-ispruzhat-kako-spijat-raznite-zhivotni-01.jpg

Кога станува збор за спиење, ние луѓето сме едноставни – само легнуваме, ги затвораме очите и тоа е тоа.

Но животните се соочени со многу опасности кога се надвор, па некои од нив развиле навистина интересни трикови. На пример, некои видри се држат за рака за да не се одделат додека спијат, а еден вид рибa прави цел меур околу своето тело за да се заштити.

Погледнете како спијат разните животни:

Коалите спијат на дрвја и секогаш ја прегрнуваат гранката или стеблото. Поголемиот дел од времето тие го минуваат во спиење – можат да спијат и до 22 часа.

vidrite-se-drzhat-za-raka-lavovite-sakaat-da-se-ispruzhat-kako-spijat-raznite-zhivotni-02.JPG

Некои видови видри спијат во вода, притоа држејќи се за рака за да не се разделат.

vidrite-se-drzhat-za-raka-lavovite-sakaat-da-se-ispruzhat-kako-spijat-raznite-zhivotni-03.JPG

Мајмуните познати како Japanese macaque многу сакаат топла вода и неретко заспиваат половина потопени во неа.

vidrite-se-drzhat-za-raka-lavovite-sakaat-da-se-ispruzhat-kako-spijat-raznite-zhivotni-14.JPG

Меркатите спијат во нивните засолништа, најчесто на купче. Кога времето е потопло, знаат да заспијат и надвор од засолништето и тоа во многу слатки положби.

vidrite-se-drzhat-za-raka-lavovite-sakaat-da-se-ispruzhat-kako-spijat-raznite-zhivotni-05.JPG

Жирафите можат да спијат во најчудната положба – седнуваат на земјата, а главата си ја потпираат на задникот. Овие животни спијат по само 4-5 часа.

vidrite-se-drzhat-za-raka-lavovite-sakaat-da-se-ispruzhat-kako-spijat-raznite-zhivotni-06.JPG

Како и секоја мачка, и лавовите сакаат да се испружат кога спијат, најчесто под сенка за да се заштитат од сонцето.

vidrite-se-drzhat-za-raka-lavovite-sakaat-da-se-ispruzhat-kako-spijat-raznite-zhivotni-7.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 миленици кои одлично би се снашле во улога на човек (фото) Многумина велат дека домашните миленичиња многу си личат со сопственикот, или ба...
Кога животни ќе дојдат на неочекувана посета (фото) Животните имаат моќ да ви ја разнежнат душата, посебно кога ќе ви се појават во ...
12 фото докази дека кучето му е најдобар пријател на човекот Оние кои немаат кучиња, можеби се скептични кога ќе слушнат дека тие можат да му...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg