Прашувам за пријател: „Чудно ли е што мојот партнер ги држи очите затворени за време на секс“? (18+)

Не е проблем ако партнерот ги држи затворени очите при секс, проблем е како тоа прави вие да се чувствувате.

prashuvam-za-prijatel-chudno-li-e-shto-partnerot-gi-drzhi-ochite-zatvoreni-za-vreme-na-seks-18-01.jpg

Рубриката „Прашувам за пријател“ на британскиот магазин Metro е место каде луѓето анонимно може да ги постават прашањата кои им го измачуваат умот, а за кои им е срам да зборуваат јавно.

Eдно од прашањата од читатели гласи: „Чудно ли е што мојот партнер ги држи очите затворени за време на секс?“

Замислете го ова... Имате страстен, жежок секс со партнерот, но секојпат кога ќе се обидете да го погледнете во очи, тие му се затворени.

Ако ова е работа која се случува постојано, разбирливо е што ви е малку непријатно.

Големо внимание се обрнува на контактот со очите, особено кога станува збор за љубовта и состанувањето.

Контактот со очи ја гради поврзаноста со партнерот.

„Многу луѓе сметаат дека контактот со очи ја гради поврзаноста со партнерот и ја зацврстува интимноста, па ако некој ги држи очите затворени, вие го губите тоа“, вели секс експертот за Metro.

prashuvam-za-prijatel-chudno-li-e-shto-partnerot-gi-drzhi-ochite-zatvoreni-za-vreme-na-seks-18-02.jpg

Нејзиниот одговор за ова прашање гласи:

„Нема ништо лошо во држењето на очите затворени за време на секс, ова особено се случува при првиот сексуален однос, па и наредните, додека да се опуштите.

Не е проблем ако партнерот ги држи затворени очите при секс, проблем е како тоа прави вие да се чувствувате.

Нормално е ако имате чувство на некомфорност, но запрашајте се себеси зошто се случува тоа?

Кој е поттикот? Ако истражите од каде таа негативна реакција кај вас, може ќе ви помогне во справување со сопствените емоции.

Реално, партнерот не прави ништо погрешно, но можеби прави нешто што вам ви влијае на емотивната состојба.

Сепак, објаснете му сè отворено на партнерот, како се чувствувате притоа, но и дека не го обвинувате него.

Кога ќе му објасните вака смирено, можно е тој сам да се потруди да направи промена наредниот пат кога ќе имате секс. Сепак, во сексот клучна е комуникацијата и отворено да си кажете што ви пречи, а што ви се допаѓа.

Можно е да постигнете компромис, па тој да ги отвора очите понекогаш, а да ги затвора кога сака да се фокусира на чинот, движењата и сензуалност на самиот миг.

Не ги префрлајте своите несигурности на сексот и запомнете сексот би бил здодевен ако сите ги правиме работите на ист начин.“

Прочитајте и Прашувам за пријател: Со партнерот не сме имале секс една година - дали е тоа проблем? (18+)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg