Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)?

Кажете му на партнерот што сакате

Отворено започнете разговор и кажете му ги вашите фантазии на партнерот - што сакате да правите, како сакате да ве допира... Ако сте во повеќегодишна врска, веќе ќе знаете во што ужива партнерот и како да се поврзете.

Совет плус: Доколку не сте опуштени доволно за вербална комуникација, обидете се да ги искажете желбите на ливче хартија. На пример, на неколку ливчиња напишете што сакате да правите, па дозволете му на партнерот да извлече едно. Така ќе ви биде позабавно и повозбудливо и целиот чин ќе го претворите во секси игра.

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-06.jpg

Зборувајте за секс во текот на целиот ден

Доколку сакате да ја зголемите сексуалната возбуда, тогаш започнете уште од утрото. Зборувајте за секс преку пораки, шепнете му на партнерот нешто слатко, гушкајте се... Ова може да ви помогне да ја намалите напнатоста и едвај да го дочекате моментот кога ќе заминете во кревет.

Совет плус: Доколку сте на работа, испратете му на партнерот слатка порака или секси фотографија.

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-07.jpg

Започнете со маратон на бакнување

Бакнувањето може да ви се чини обичен гест, но во суштина е многу интимен. Доколку продолжите да се бакнувате, и двајцата може да почувствувате како расте возбудата. 

Совет плус: Бакнувајте се и за време на сексот, затоа што тоа ја зголемува интимноста, довербата и ве поврзува повеќе.

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-08.jpg

Секс играчки: Зошто се корисни и како да ги вметнете во вашиот сексуален живот?

Дури и да знаете како се користат секс играчките при мастурбирање, сепак, нивната употреба при однос со партнерот може да изгледа како сосема друга приказна.

Многумина секс играчките ги користат најмногу за стимулирање на гениталиите, но, потребно е да се охрабрите и да го истражувате целото тело, како на пример експериментирање со тоа како ги чувствувате вибрациите на вашите гради и слично.

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-09.jpg

Секако, пред да започнете со вклучување на секс играчки во креветот, важно е да разговарате со партнерот. Колку поотворено разговарате на оваа тема, толку поудобно ќе се чувствувате и поголема е веројатноста дека ќе истражувате за време на сексуалниот чин.

Постои вообичаена заблуда дека луѓето користат секс играчки само кога се незадоволни од нивната врска. Но, вистината е дека тие се користат само за зголемување на задоволството. Важно е партнерот да сфати дека секс играчките постојат за да му дадат приоритет на вашето задоволство, а не да бидат конкуренција.

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-10.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg