Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)?

Дозволете му на партнерот да ве гледа додека мастурбирате, а разговарајте отворено и за користење секс играчки. Како да ја разбиете монотоноста во кревет, особено ако сте во долга врска?

igrachki-seksi-masazha-kako-da-go-zachinete-seksualniot-zhivot-vo-dolga-vrska-18-01.jpg

Иницирањето секс за некои луѓе понекогаш може да биде и малку незгодно. Всушност, некои од партнерите може да чувствуваат дека тие секогаш започнуваат први, а други пак може да стравуваат од тоа да бидат одбиени.

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-02.jpg

Ако сакате да се запознаете малку повеќе со тоа како да иницирате секс на позабавен начин и да ја зголемите возбудата помеѓу вас, сигурно ќе ви помогнат следниве совети:

Облечете провокативна долна облека (или останете сосема голи)

Искористете го моментот кога сте сами дома и влезете во дневната соба облечени само во долна облека или, пак, сосема голи. Може да го направите ова во спалната соба – легнете на креветот, пуштете тивка музика и опуштете се.

Совет плус: Иако појавувањето во секси долна облека или без воопшто облека на вас е супер идеја, пред да се одлучите на овој чекор проценете го расположението на вашиот партнер. Нема да функционира сè така добро ако партнерот е уморен или нерасположен.

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-03.jpg

Започнете сами

Ако одите во кревет пред вашиот партнер, обидете се да ги започнете работите сами. Може да почнете рачно да се стимулирате или да користите секс играчки, при што ќе ја подигнете возбудата пред да ви се придружи партнерот. 

Совет плус: Дозволете му на партнерот да гледа како мастурбирате. На овој начин тој ќе има можност да научи што навистина ве возбудува, а исто така ќе ја зголеми возбудата и кај него.

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-04.jpg

Понудете сензуална масажа

По долг и напорен ден, понекогаш тешко е да се замисли иницирање секс и зголемување возбуда. Меѓутоа, за да го поттикнете задоволството и возбудувањето, понудете сензуална масажа која полека ќе создаде желба за секс и кај двајцата.

Совет плус: Погрижете се за амбиентот, односно, размислете за тоа дали температурата во собата е добра, погрижете се за светлото, дали сакате музика или не, кој е омилениот мирис на вашиот партнер…

kako-da-inicirate-seks-interesni-nachini-da-ja-zgolemite-vozbudata-kaj-partnerot-i-kako-da-koristite-seks-igrachki-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg