Кој што прави во врската?

koj-sto-pravi-vo-vrskata-povekjeАко сакате квалитетна врска – нема да ви биде лесно. Потребно е многу труд за да двајцата партнери бидат задоволни и среќни. Магазинот Redbook...


...направил големо истражување и анкетирал 100 мажи и жени кои отворено рекле што им е важно и што најмногу ценат во една врска.

Секс

koj-sto-pravi-vo-vrskata

Мажите: Кај својот партнер ќе освоите дополнителни бодови ако сакате почест секс. Мажите најмногу го сакаат оралниот секс и тоа веднаш наутро. Мажот сака да преземете иницијатива, а нема ниту да се буни ако му предложите порно филм за загревање.

Исто така во доменот на сексот се и предигрите. Мажите во анкетата рекле дека сакаат предигра – која почнува да речеме на некое собирање, надвор од дома, на вечера.

Жените: Дамите во сексот сакаат повеќе предигра. Во анкетата тие многу конкретно ги откриле своите желби па на прво место ја ставиле потребата понекогаш за време на интимниот однос партнерот да се посвети исклучиво на нивното задоволување. Предиграта за жените е задолжителна и треба да трае барем 20 минути.

Жените сакаат да испробуваат нови работи, па слободно кажете им ако сакате да испробате нови пози или „помагала“.

Покрај секс...

Мажите: Тие сакаат од време на време да ги видат своите партнерки во здолниште наместо во тренерка и тоа многу ги возбудува. Ќе се развеселат ако во актовката или пак во паричникот најдат порака чие значење само ним им е јасно. Сакаат да суредувате по нив, а се радуваат и кога на шопинг одите без нив. Вашиот партнер многу ќе го израдува да отидете на вечера со неговите пријатели.

Жените: Листата на желби кај жените е подолга, што и се очекува. Таа ќе цени ако во ресторан и го понудите своето јадење затоа што сте забележале дека нејзиното не е вкусно. Исто така ќе биде изненадена ако покажете интерес за нејзиното хоби. Малите работи ќе ја разнежат секоја дама па слободно однесете и појадок во кревет или купете цвет без посебен повод.

Би можело да ве интересира:

„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg