Нови техники во сексот

novi-tehniki-vo-seksot-povekjeЗадоволни сте со својот сексуален живот, но не е лошо да слушнете уште неколку лесни совети кои ќе ви помогнат да го подигнете степенот на вашето...


...и партнеровото еротско уживање на повисоко ниво.

novi-tehniki-vo-seksot

Не ги соблекувајте пантолоните
Ваков пристап личи малку на деновите кога како тинејџери сте експериментирале и кога сексуалниот однос често завршувал без допир „кожа на кожа“. Затоа сега долго допирајте се со партнерот преку маица, под долната облека, здолништето... Ќе го продолжите исчекувањето, па кога ќе го почувствувате мекиот допир на неговата кожа ќе доживеете вистинска експлозија на чувства.

Правете кругови
Партнерот ќе биде пресреќен ако му пружите орален секс, но вашиот пристап не треба да биде ист секогаш. Разбијте ја монотонијата – немирно движете го јазикот, правете кругови, нека му се заврти во главата од возбуда. Сексуалните терапевти советуваат да користите техника која личи на шмукање бомбона.

Површни бакнежи
Кога се упатувате во зоната под папокот, првин нежно, едвај осетно, бакнувајте го по трепките, потоа допрете ја устата, вилицата, клучната коска... Спуштајте се до брадавиците, па долу низ торзото до колкот... Вака нежното бакнување по телото ќе го доведе до лудило! Нежните бакнежи ќе ја зголемат напнатоста и тој со поголема желба ќе го исчекува она што следи на крајот.

Погоди што е следно
Малку непредвидливост во текот на сексот може да предизвика уште поинтензивно уживање за двајцата. Додека сте во мисионерска поза задевајте го, комбинирајте ги движењата, не му дозволувајте секогаш да продре во вас до крај. По две кратки  продирања доаѓа еден подлабок...и така до крај. Ќе биде збунет, но задоволен.

Жежок воздух
Без разлика во каква поза сте, уживањето може да го зголемите со дување на топол воздух на неговата кожа. Иако веќе чувствува задоволство во гениталиите, овој трик ќе допринесе да се активираат и другите чувствителни зони, како вратот, брадавиците, зглобовите... Ќе чувствува морници од глава до петици.   

Момент за секс
Секс моментите се случуваат кога најмалку се надевате. Затоа искористете ја можноста за ја збогатите вечерта на каучот. Нежно милувајте го по кожата додека гледате телевизија. Придушеното светло и повремените допири ќе создадат пријатна атмосфера и ќе го разбудат неговото тело за секс.

Би можело да ве интересира:

„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Совети и пози за тивок секс, за кога не сте сами дома (18+) Пуштете музика или телевизор и одберете поза која не бара многу движење на креве...
30 секс прашања кои треба да му ги поставите на партнерот ако сакате да го „испотите“ и замислите „Која секс поза никогаш не си ја пробал/а, а сакаш? Кој ти е најжешкиот дел од п...
Бон-тон правила во сексот, што секој културен маж треба да ги знае (18+) Не избрзувајте да ги покажете сопствените вештини, бидете искрени за тоа што ви ...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg