6 работи кои никако не смеете да ги правите пред мажот, ако сакате да бидете вистинска жена

Број 1 – не го критикувајте мажот во јавност и пред други луѓе НИКОГАШ. Број 2 – не ги покажувајте личните хигиенски навики пред него, како депилација, чепкање нос и сл. Кои работи дамите никогаш не треба да ги прават пред маж?

6-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-pred-mazhot-ako-sakate-da-bidete-vistinska-zhena-01.jpg

Тетиана Јордан е експерт за имиџ и сертифициран обучувач за говор на тело, бонтон и елегантно однесување.

Таа се фокусира на развивање самодоверба преку себе-претставување, говор на тело и манири, а на својот Инстаграм профил, со преку 1 милион следбеници, редовно споделува совети за елегантно однесување.

Најчесто се однесуваат на дамите, а во една од нејзините објави, зборува што е тоа што никогаш не треба жената да прави во близина на нејзиниот партнер. 

„Жена која е елегантна, грациозна и отворена да добие грижа од мажот – таква која не се плаши да се потпре на силно рамо без постојано да ја докажува својата независност. Иако секако, може сè да направи сама, но шшшш!“ - дообјаснува таа. 

6-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-pred-mazhot-ako-sakate-da-bidete-vistinska-zhena-03.jpg

Нејзиниот став е дека жените треба да се држат до соодветни манири, но иако многумина се согласуваат со неа, сепак на оваа тема негодуваат, бидејќи сметаат дека не треба да се толку потчинети на мажот. 

6 работи се клучни никогаш да не ги направите пред партнерот за да оставите впечаток на вистинска жена и дама, според бонтон експерт за манири:

Не го критикувајте мажот во јавност

Јавното критикување пред други луѓе ја труе вашата врска. Ако нешто ви пречи, разговарајте за тоа на само, наместо да го срамите пред други.

6-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-pred-mazhot-ako-sakate-da-bidete-vistinska-zhena--05.jpg

Не отворајте сами тегли и шишиња

Дозволете му на мажот да се чувствува силно и да биде вашиот херој, дури и ако можете сами. Избегнувајте да се натпреварувате со него за мали работи.

Не ги покажувајте вашите хигиенски работи и навики

Некои работи треба да останат зад затворени врати и да го задржите имиџот на женствена дама – депилација, подригнување, навики во тоалет, чепкање нос. Некои мистерии е подобро да останат несподелени.

6-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-pred-mazhot-ako-sakate-da-bidete-vistinska-zhena-06.jpg

Не зборувајте лошо за неговата мајка

Многу мажи се длабоко поврзани за нивните мајки. Без разлика што мислите за неа, негативните коментари ќе предизвикаат дефанзивна реакција – дури и ако потајно се согласува со вас. Дали конфликтот навистина вреди? Најдете друг начин од околу да кажете нешто.

Не се запоставувајте

Никогаш не се откажувајте од вашиот личен раст, грижа и нега за себе, како и почитување на личен простор. Вашето расположение и мислење за себе играат голема улога во врската, па негувајте се себеси првенствено.

Не го прекинувајте и не се расправајте жестоко

Мажите сакаат да бидат слушани со почит. Ако не се согласувате со него, искажете го мислењето смирено и со грациозност, бирајќи соодветни зборови. Ова покажува емоционална зрелост и почит за неговото мислење, иако не е еднакво со вашето.

6-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-pred-mazhot-ako-sakate-da-bidete-vistinska-zhena-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg