9 тајни за совршен секс

9-tajni-za-sovrsen-seks-povekjeВо сексот секогаш во прашање е ставот, тврдат сексолозите. Isadora Alman, познат американски експерт на тоа поле, нуди девет совети кои што можат...


...да ви помогнат да го подобрите својот сексуален живот.

1. Слобода

9-tajni-za-sovrsen-seks

Потполното сексуално ослободување подразбира паровите повеќе да не размислуваат за тоа „што и како треба“ нешто да прават, туку да го усогласат она што ним им преставува задоволство. Споредувањето на искуствата и рецептите на другите парови се непотребни и несоодветни, а може да бидат и контрапродуктивни.

2. Препуштање

Тоталното сексуално задоволство се постигнува само со потполно препуштање. Ако сте оптоварени само со тоа вам да ви биде убаво, никогаш нема да ја остварите потребната врска со партнерот која што води до врвно задоволство.

3. Великодушност

Како и на другите полиња, само оние што се подготвени  да дадат и да делат со другите можат да го добијат најдоброто од животот. Во љубовта задоволството на партнерот е слатко колку и сопственото – или нема љубов. Во незадолжителниот секс, ќе добиете онолку колку што ќе пружите.

4. Отсуство на срам

Ако сте во состојба да го кажете она што го мислите а да не го повредите другиот, вие сте во голема предност. Тоа е многу важно во односот со луѓето, особено во спалната соба. Инхибициите се природен израз на патријархалното воспитување, но во сексот треба да се надминат. Најпосле, тука сте вие двајца и сè што ќе кажете, направите и посакате останува помеѓу вас.

5. Стручна помош

Многу е важна и подготвеноста да се побара помош. Понекогаш паровите имаат проблеми во сексот кои не можат сами да ги решат, така што најдобро е да побараат помош од терапевт.

6. Добро здравје

Здравјето е многу важно за сексуалниот живот. Кога човекот добро се чувствува има можност секое искуство многу поинтензивно да го доживее. Не може се да се избегне и да се предупреди, но здравите навики ќе ги зголемат шансите за добро здравје и...добар секс.

7. Широчина на поглед

Предрасудите ги ограничуваат луѓето. Заборавете на убедувањата од типот: мажот треба да го направи првиот чекор. Доколку тоа не ви оди од рака, обидете се да го усвоите следниот став: што постеснети се вашите сфаќања, толку посиромашна ќе биде вашата сексуалност.

8. Сензуалност

Сексот не се сведува само на оргазам или гениталии. Кога партнерите ќе се насочат кон милување и бакнување, сексот е многу повозбудлив.

9. Хумор

Сè е полесно ако сексот не се сфаќа премногу сериозно. Наместо на сексот да му пристапите како на некоја важна задача, сите непријатни ситуации свртете ги на шега, бидејќи сексот е најдобрата забава што постои.

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg