Што треба да знаете за мастурбацијата?

sto-treba-da-znaete-za-masturbacijata-povekjeДали знаете дека многу луѓе сè уште веруваат дека жените не мастурбираат? За жал ова не е единственото погрешно верување за мастурбацијата.


Постојат уште многу нешта кои не се знаат, па затоа порталот "Yourtango" објавил список на факти  за мастурбацијата кои би требало да ги знаеме.

sto-treba-da-znaete-za-masturbacijata

Луѓето кои што имаат редовен секс мастурбираат почесто од оние што практикуваат поретко секс. Чудно? Па и не баш. Ако мастурбирате, веројатно сте сексуално поотворена личност и баш поради тоа и повеќе се сексате. Ако знаете што ви се допаѓа кога сте сами, без партнер или партнерка, ќе знаете и што ви се допаѓа кога сте во врска,а  тоа ви дава голема предност.

Многу повеќе жени мастурбираат отколку што признаваат дека го прават тоа. Истражувањата покажале дека припадниците на двата пола пред да наполнат 18 години редовно мастурбираат, поточно – 80 проценти од мажите и 59 проценти од жените. Што се однесува за постарите од 18 години, бројот малку се менува. Имено, некои истражувања покажуваат дека дури 92 проценти од жените ја признаваат мастурбацијата, додека други истражувања велат дека мастурбираат околу 70 проценти од жените.

И повозрасните жени мастурбираат. Сексуалниот нагон не го снемува со годините, напротив! Некои истражувања покажуваат дека редовно мастурбираат околу 30 проценти од жените на возраст од 60 до 69 години. Тоа го прават и жените постари од 70 години, но нешто поретко, односно 12 проценти. Кога станува збор за мастурбацијата, нема разлика помеѓу мажените и немажените жени.

Некои земји ја поттикнуваат мастурбацијата помеѓу тинејџерската популација. Британската влада во 2009 година како и некои други европски влади, ги упатувала тинејџерите да мастурбираат барем еднаш неделно. Зошто? Не само што мастурбацијата е здрава, туку и благотворно делува на сите здравствени тегоби.

Мастурбацијата не била од секогаш табу. Старите Римјани биле многу сексуално отворени, а тоа значи дека и мастурбацијата била социјално прифатена. Славена е дури и во уметноста, па и денес постојат на пример, глинени фигури кои покажуваат жена како се самозадоволува и ужива во таа активност. Подоцна мастурбацијата се сметала за грев и зло, а со време работите отишле дури до таму што луѓето биле уверувани дека предизвикува разни болести. За жал, некои и денес веруваат во тоа.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg