Дали имате прениски критериуми во врската?

dali-imate-preniski-kriteriumi-vo-vrskata

„Мажите се едноставно такви“. Со оваа реченица се служат скоро сите девојки кои се плашат да го побараат она што им припаѓа и со која се оправдуваат сите машки постапки кои што немаат оправдување. Треба да се знае дека не се сите мажи такви и дека не треба да се трпи однесување кое што може само да наштети.

Благи разговори

Мажите често разговараат остро едни со други, но секој паметен знае дека тоа не е начин на кој се комуницира со жените. Жената во врска не треба да дозволи мажот да ја критикува само затоа што му е досадно па фокусот го префрлил на неа. Едно е кога тој изнесува конструктивна критика бидејќи сака да подобри одреден аспект од својот живот, а друго е кога зборува затоа што сака жената да се чувствува лошо за да може полесно да ја контролира.

Третата личност во креветот е дозвола за изневерување

Постојат поделени мислења околу тоа дали во кревет треба да се донесе трета личност. Ова не мора да биде проблем ако таквото размислување мажот го задржува само за себе и нема намера да го реализира, но ако почне да ја наговара партнерката на тоа, тој всушност бара оправдување за неверството.

Мисли дека драматизирате баш сè

Кога партнерот ќе почне да превртува со очите секогаш кога жената ќе сака да разговара за нешто сериозно, со време здравата комуникација во врската ќе ја снема.

Не сака да разговара за вашите планови

Не е добро доколку на партнерката која што сака за нешто да зборува, нешто што и е за неа важно, мажот и дава сиромашни одговори, бидејќи тоа е доказ дека се грижи за решавање само на своите проблеми.

Ретко се јавува

Можеби во средно училиште биле интересни игрите од типот „кој прв ќе се јави“, но со годините тие веќе не се. Не треба да се прифати маж на чии повици долго с ечека, како и зговори од типот „немав време“, бидејќи во денешно време, време на  пораки и мобилните телефони, за тоа е потребно помалку од една минута.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg