Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 правила за "dirty talk"

5-pravila-za-dirty-talk

Не е поентата во тоа што ќе го изговорите туку и во начинот на кој ќе го изговорите. Зборовите се моќна алатка во сите аспекти на животот, а често пати неискористен во спалната соба.

Еве неколку совети кои можат да ви помогнат да станете махер или махерка кога станува збор за je "dirty talk".

Треба да знаете што сакате

Заборавете сè што некогаш сте прочитале, или виделе на филм за сексот. Повеќето жени не можат да доживеат оргазам само со пенетрација, потребни се и други стимулации. Било да имале талентиран љубовник или пак самите дошле до тоа сознание, само вие знаете што ви треба за да бидете задоволни.

Ако сè уште не знаете, конечно е време да научите. Имате ли фантазии? Обидете се на тој начин да дознаете кои би биле вашите улоги во сексот и улогите на партнерот. Кога еднаш точно ќе дознаете што сакате, подготвени сте за следниот чекор.

Побарајте го она што го сакате

Една од причините зошто мажите сакаат партнерката да им зборува за време на сексот е затоа што тие се визуелни суштества. Лесно се возбудуваат додека замислуваат некоја секси сцена. На пример можете да му кажете: „Те гледав додека го миеше автомобилот, беше привлечен и си замислував како со сунѓерот поминуваш по моето тело“. Можете да кажете било што ако тоа ве пали или да побарате од него/неа тоа да го направи.

Чувствувајте се пријатно без разлика што зборувате

Многумина мислат дека "dirty talk" опфаќа само многу прости зборови кои ви е непријатно да ги изговорите. Тоа не мора да е така. Можете само да кажете што сакате и што ви се допаѓа кога сте со партнерот. Почнете со некои помали работи. Побарајте некоја ситница како што е бакнување на вратот.

Замислете си некоја глетка па вербализирајте ја

Понекогаш луѓето се откажуваат од „валканиот“ разговор во креветот бидејќи не знаат како би го кажале нештото. Важно е да се чувствувате пријатно додека си играте со зборовите, ќе ви биде полесно ако замислите некоја глетка или дејност па се обидете да ја вербалзирате.

Може и нешто поедноставно

Ако сè уште не се гледате во таа улога, обидете со нешто поедноставно како на пример: „Те посакувам, сега“. Оваа едноставна реченица дефинитивно ќе го привлече вниманието на партнерот. Секси разговорите се еротични и поради тоа што на момент можете да бидете некој друг. И на крајот, најважно е во тоа да уживате и да го доживеете како збава. 

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg