„Никогаш не бев вртоглаво вљубен во мојата сопруга“ - Исповеди на мажи како завршиле со жени што не ги сакаат
„Никогаш не бев вртоглаво вљубен во мојата сопруга. Се грижев за неа и секогаш убаво си поминувавме заедно, но тоа не беше истото чувство што го имав во претходните врски. Но...“ Емотивни исповеди на мажи, какви ретко споделуваат јавно.

Дали мажите oколу вас се вљубени во своите сопруги? Дали искрено ги сакаат своите девојки или можеби стапиле во врска од погрешни мотиви?
Еден корисник на Reddit ги прашува мажите: „Мажи, ако сте се задоволиле со жена во која всушност не сте биле вљубени – која е вашата приказна?“
Дел од одговорите на темата:
„Се оженив млад, на 20 години, со првата девојка со која имав сериозна врска.
Со текот на времето и двајцата многу се променивме, а по девет години брак сфатив дека повеќе не сум среќен и дека не само што не ја сакам, туку веќе ни не ми се допаѓа. Беше како да живеам со цимерка.
Се разведовме, а таа подоцна се омажи за мојот поранешен најдобар пријател. Изгледа дека денес е многу посреќна“.
„Се обидував да се убедам себеси дека сум вљубен, но не бев. Почувствував олеснување кога таа ја прекина врската.
Таа грешка нема повторно да ја направам. Во еден момент мислам дека повеќе се плашев да останам сам отколку што навистина ја сакав.
А запознавањето нови луѓе знае да биде тешко“.
„Се знаевме како деца и повторно се сретнавме откако таа наполни 18 години. Ме праша дали може да преноќи кај мене и никогаш повеќе не си замина.
Забремени, па не сакав да ја оставам сама со моето дете. Се венчавме откако се роди нашиот син, бидејќи сакав да расте со двајцата родители.
Но, уште на почетокот на врската направи работи поради кои ги изгубив чувствата кон неа и останав само поради детето.
На крајот ја напуштив затоа што бев несреќен. Денес се чувствувам многу подобро сам, а сепак редовно го гледам својот син“.

„Пред неколку години бев во ваква врска. Се грижев за неа и ја сакав, но, колку и да звучи клише, не бев вљубен во неа.
Таа беше многу повеќе посветена на мене отколку јас на неа. Врската не заврши добро.
Со текот на времето станував сè поогорчен, подистанциран и полн со лутина, сè додека едно утро не се разбудив и не ја видов целосно облечена како тажно ми кажува дека се враќа да живее кај своите родители“.
„Никогаш не бев вртоглаво вљубен во мојата сопруга. Се грижев за неа и секогаш убаво си поминувавме заедно, но тоа не беше истото чувство што го имав во претходните врски.
Интересно е што токму сите тешкотии низ кои поминавме по бракот ми покажаа колку е извонредна и ме натераа уште повеќе да ја засакам.
Сфатив дека ниту една од жените во кои порано бев силно вљубен немаше да успее да помине низ сето тоа со мене и да излеземе посилни.
Потребна е посебна личност за да те направи подобар и посилен човек, а таа е токму таква. Нашиот живот беше вистински вртлог, но денес не можам да се замислам покрај никој друг“.
„Се оженив затоа што бев осамен, а таа беше првата жена по долго време што ми посвети внимание.
По околу една година стана јасно дека бракот не функционира, но тогаш таа остана бремена. Нашата ќерка се роди со Даунов синдром, па останав за да помогнам во нејзиното воспитување.
Продолжив да работам бидејќи заработував значително повеќе, а сопругата се грижеше за нашата ќерка.
Во брак сме веќе 37 години. Не можам да кажам дека тоа е одличен брак, но понекогаш едноставно го правиш она што мора и ги ставаш другите пред себе“.
С. С. | Црнобело