5 знаци дека вашата врска не води никаде

Ако веќе сте си го поставиле прашањето „Дали е време да се раскине?“ големи се шансите вашата врска да не води никаде.

5-znaci-deka-vasata-vrska-ne-vodi-nikade

Сепак, од некоја причина сè уште се двоумите дали да дадете уште една шанса.

Ако се препознаете барем во три од овие изјави, би требало да раскинете, во спротивно само ќе го продолжите она што нема смисол.

Одржувањето на врската ви создава повеќе проблеми одошто уживање

Ако се чувствувате нервозно и нерасположено кога треба да се видите со него/неа, или повеќе би сакале да го преспиете закажаното излегување, вие сте подготвени за раскинување.

Она што некогаш сте го сакале кај него/неа сега ве нервира

Порано сте го обожувале неговиот/нејзиниот смисол за хумор, а сега тие шеги ве нервираат. Очигледно е дека нема повеќе хемија помеѓу вас.

Повеќе би сакале да бидете на другиот крај од светот отколку со него/неа

На почетокот од врската постојано сте сакале да сте заедно, а сега се чувствувате непријатно кога седите еден покрај друг. 

Постојано се расправате околу исти работи

Целта на расправијата е конфликтот да се реши, но вие се карате бидејќи тоа е единствениот начин за комуникација.

Повеќе ви значи мислењето на другите отколку она на партнерот

Порано сте уживале да се подготвувате за излегување и да добиете комплименти околу тоа, а сега погледнувате во други момци/девојки и повеќе сакате ним да им се допаднете отколку на партнерот.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg