16 факти зa љубовта

Познато е дека љубовта е една од најсилните емоции кои некогаш постоеле. Затоа ви нудиме 16 факти кои ќе ви покажат зошто заљубеноста е одлично чувство кое ве прави посреќни.

16-neverojatni-fakti-za-ljubovta-1

1. Мажите кои секојдневно ја бакнуваат својата жена живеат 5 години подолго од оние кои ја немаат навиката за бакнување.

2. Најстарата позната песна, за која постојат докази, е токму со љубовна тематика.

3. Феминистките имаат далеку поголеми шанси да бидат во среќна љубовна врска, отколку било која друга жена.

4. Две третини од луѓето признале дека се заљубуваат во личност која ја познаваат извесно време, а не во некоја нова.

5. Додека луѓето раскажуваат како се заљубиле, тие веруваат дека таа емоција била надвор од нивната контрола.

6. Заљубувањето има смирувачки ефект врз телото и умот, а со тоа расте и меморијата и стабилноста на нервниот систем.

7. Меѓутоа, љубовта може да произведе и стрес сличен на оној кој се јавува како последица на страв. Зениците се шират, дланките се потат и се забрзува срцевото отчукување.

8. Скенирањето на луѓето додека гледаат слика од саканата личност, јавува резултат за неверојатно активирање на мозокот, како и активности поврзани со многу желби кои би сакале да се остварат токму со таа личност.

9. Обичајот за подарување на дијамантски прстен на својата сакана го вовел австрискиот престолонаследник Максимилијан, кој за прв пат во 15 век на саканата и подарил ваков прстен.

10. Околу 43% од жените не сакаат мажите да им кажуваат или пишуваат “те сакам” доколку не се спремни навистина да се предадат на таа врска.

11. Оние кои се тазе заљубени покажуваат поголема опседнатост со личноста токму заради зголеменото лачење на хормонот серотонин.

12. Според математичката теорија за бракот, дојдено е до заклучок дека поголеми шанси за среќен брак имаат оние кои се познаваат подолго, отколку оние кои се заљубуваат на прв поглед.

16-neverojatni-fakti-za-ljubovta-2

13. Заради чудни биохемиски реакции во мозокот, личноста која не одбила за љубовна врска, после тоа ја посакуваме уште повеќе.

14. Зошто работните романси се се повеќе присутни? Огромна улога игра времето со кој го поминуваме поголемиот дел од денот, како и близината.

15. Една од пет долги врски сигурно започнала додека еден од партнерите бил веќе во врска.

16. Колку повеќе сте поврзани со саканата личност, толку повеќе расте вашата секојдневна среќа.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg