Што научивме во 2012 година за бракот

Студиите откриле: фазата на меден месец не постои, праведната поделба на домашните работи допринесува за развод, а оженетите живеат подолго и почесто се вработени.

sto-naucivme-vo-2012-godina-za-brakot-1

Тремата и предомислувањето пред да се стапи во брак може да ја предвидат веројатноста дека парот ќе се разведе, покажала американската студија објавена во списанието „Семејна психологија“.

Истражувачите откриле дека кај оние кои се несигурни во својата одлука за венчавка, веројатноста е за 12% поголема дека нема да ја дочекаат четвртата годишнина од бракот.

Поврзаноста на тремата пред стапувањето во брак и разводот е уште поверојатна ако тоа го чувствуваат жените, кои двојно повеќе се разведуваат од оние кои не се сомневале во својата одлука.

Жените во брак пијат повеќе, а мажите помалку

Омажените жени во просек пијат околу девет пијалаци месечно во споредба со слободните или разведените кои пијат околу шест пијалаци, покажала студијата на Универзитетот во Синсинати.

Кај припадниците на посилниот пол ситуацијата е поинаква, па оженетите пијат околу 19 пијалаци во текот на месецот, додека слободните испиваат повеќе од 22. За двата пола важи дека по разводот пијат помалку отколку во периодот пред бракот.

Бракот ги подобрува шансите за преживување

Луѓето кои што имаат операција на срцето имаат поголеми шанси да преживеат ако се во брак, откриле научниците. Така оние пациенти кои што имаат вграден бајпас имаат двојно повеќе шанси за преживување отколку пациентите кои не се во брак. Колку е бракот посреќен, толку се подобри шансите за преживување.

sto-naucivme-vo-2012-godina-za-brakot-2

Жените и понатаму сакаат мажот да им предложи брак

Иако еманципацијата на жените ја промовира идејата дека тие не би требало да чекаат мажот прв да ја спомне идејата за брак, туку и самите може да предложат ако тоа го сакаат. Со тоа не се сложуваат околу две третини од мажите и жените. Повеќето луѓе во поглед на предлагањето брак сè уште имаат традиционални ставови.

Добриот однос со родителите на партнерот ја менува застапеноста на разводот

Ако мажот е во блиски и пријателски односи со родителите на жената, неговите шанси за развод се за 20% помали отколку кај мажот кој не се согласува така добро со нив.

За разлика од мажите, жените кои се во пријателски односи со свекорот и свекрвата имаат 20% поголеми шанси за развод, покажала три децениската американска студија.

Луѓето во брак живеат подолго од оние кои се сами

Здравата исхрана и редовното вежбање може да ви го продолжат животот, но на долговечноста големо влијание има и љубовниот статус. Така оженетите во 60% од случаите живеат подолго од неоженетите мажи, додека мажените жени живеат подолго во 80% од случаите, открила студијата на Универзитетот во Синсинати.

sto-naucivme-vo-2012-godina-za-brakot-3

Фазата на меден месец не постои

Често се смета дека по самата венчавка следи период на уживање и голема љубов. Дека тоа не е така покажала студијата на австралискиот Центар за истражување на квалитетот на живот која открила дека луѓето се позадоволни ако се подолго време во брак. Психолозите тоа го објаснуваат со почетниот процес на прилагодување на бракот, неостварените очекувања и притисокот кој го загрозува задоволството на младите брачни парови.

Луѓето кои се во брак почесто се вработени

Ако имате тешкотии при пронаоѓање на работа, во тоа може да ви помогне стапувањето во брак, покажале податоците на францускиот Институт за статистика. Според него повеќе од 90% од луѓето во брак во период од 30 до 54 години се вработени, додека помеѓу оние кои што се сами во истиот период вработеноста е помала за 33%.

Ако ги делите домашните работи, поголеми се шансите за развод

Паровите кои што живеат во традиционално домаќинство каде што машките и женските улоги се строго поделени имаат за 50% поголеми шанси за развод отколку „модерните“ парови кои рамноправно ги делат задачите, покажала норвешката студија во соработка со Универзитетот во Кембриџ кои направиле испитување на 30.000 луѓе во 34 земји.

Се согласувате ли вие со овие заклучоци?

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg