Слободните девојки треба да знаат...

Освен оние класичните новогодишни одлуки за здрав почеток на 2013 година, време е да донесете и неколку одлуки околу вашиот љубовен живот.

slobodnite-devojki-treba-da-znaat-1

Применете барем неколку од наведените предлози за да си ја разубавите оваа година.

Верувај во љубов

Само затоа што некој те разочарал, не ја започнувај новата година со судења и предрасуди за луѓето кои тек сега ги запознаваш. Важно е да не ја загубиш вербата во себе и во љубовта.

Чувај го своето срце

Секоја трета девојка чувствува магнетска привлечност кон лошите момци. Таквите врски се особено возбудливи, а покасно се разочарување. Затоа, внимавајте што одбирате за оваа година да ја запаметите по некој кој направил да се смеете, а не да тагувате.

Сакај се самите себе

Ако имате здрава и позитивна врска самите со себе, тешко дека некој ќе успее тоа да го расипе. Почитувајте се и барајте некој кој ќе ве почитува, не заслужувате ништо помалку!

Престани да бидеш нечија мајка

Ако сте во ситуација каде што мислите дека е во ред да сте заштитнички настроени, речиси колку неговата мајка – грешите. Доволен ви е вашиот личен терет и одговорностите со кои сами се снаоѓате. Нема потреба да ја започнувате годината како нечија мајка, подоцна може да се каете за изгубеното време на тој начин.

Не ја прифаќајте секоја критика

Не започнувајте ја негативно годината, прифаќајќи ги сите критики. Така ќе стекнете слика за себе и општо за се останато дека ништо не е во ред. Напротив, бидете задоволни со она што се случува, а ако нешто не ви се допаѓа, бидете доволно јака личност за тоа самите да го забележите.

Намалете ги очекувањата

Тоа важи и за другите и за вас. Наместо да очекувате се да биде совршено, прифатете ги работите онакви какви што се и сакајте ги најблиските онакви какви што се. Запаметете, не секогаш совршеното не прави среќни.

Би можело да ве интересира:

Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg