Како да НЕ ја запросите?

Размислувате како да и предложите брак на вашата сакана? Освен ако веќе не сте испланирале сè, продолжете да читате.

7-najlosi-nacini-na-zaprosuvanje-01

Постојат многу начини како да го направите овој прекрасен чин, но овој пат ние ви ги претставуваме седумте најлоши. Пред да клекнете пред неа, проверете дали вашиот начин е соодветен.

1. Опкружени сте со непознати. Предлогот за брак треба да биде интимен чин, помеѓу двајца. Нема потреба во овој прекрасен ден да вклучувате странци или гледачи. Кога ќе стигнете до моментот кога ќе бидете на коленици пред неа, треба да зборувате од срце, а не да се надвикувате со гужвата околу вас.

2. На работното место. Кај многумина работата е одделена од љубовниот живот, што е нормално. Не е романтично вашите соработници да бидат сведоци, напротив. Предлогот за брак нека остане во вашиот љубовен сегмент од животот, а не во професионалниот.

3. Пред пријателите и семејството. Во ред е да ја споделите радоста со вашите најблиски, но не мешајте ја интимноста на врската со вашето семејство. Семејството и пријателите може да ви бидат само причина плус за зголемување на стресот.

4. Без некои други мислења. Нема потреба никој друг да знае за целиот настан до детал, освен ако не ви е потребна голема помош. И таа помош барајте ја од најблиските, не од некој потполно непознат.

5. Комплетно изненадување. Ова е реалноста, никој не сака предлог за брак како гром од ведро небо. Започнете со неколку искрени разговори за текот на вашата врска, за вашата среќа која би сакале да ја крунисате со прстен на нејзината рака.

6. Во или околу храна. Дијамантските прстени во чоколадна торта беше навистина атрактивно и популарно, пред десетина години. Сега, подобро да не го правите. Смислете нов, инвентивен и романтичен начин.

7. Во далечината. Што и да одберете, не одбирајте индиректен начин како порака на небото, видео порака или слично. Ова е време кога таа треба да ја види вашата искреност во очите. Затоа, соберете храброст и застанете пред неа и изненадете ја како никогаш претходно.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg