10 заповеди за заеднички живот

Сè започнува со многу љубов и желба, меѓутоа за да можете да ги одржите односите како на почетокот, мора да сте подготвени на компромиси и справување со непријатни ситуации.

10-zapovedi-na-zaednickiot-zivot-01

Овие десет заповеди се најважните, кои никогаш не смеете да ги заборавите.

1. Обидете се да воспоставите рамнотежа кога станува збор за различните области на моќ. Распоредете ги парите заеднички, како и домашните обврски, родителството, образованието и работата и се останато што е дел од вашето секојдневие. Во ниту еден случај не дозволувајте партнерот да се чувствува инфериорно.

2. Кога станува збор за роднините, секогаш бидете на страната на вашиот партнер, без оглед на тоа колку и да греши. Нема ништо да добиете ако застанете против него.

3. Оној кој заработува повеќе не треба да го има последниот збор за начинот на трошење на парите. Среќата на паровите кои живеат заедно лежи во договорите и компромисите.

4. Ако имате повисоко образование, во никој случај не го истакнувајте тоа пред партнерот. Доволно се познавате, нема потреба од повторување на некои работи.

5. Улогите се менуваат кога станува збор за сексот. Кај некој заедничкиот живот е причина и можност за повеќе, кај некој за помалку секс. Било што од ова да ви пречи, се решава со разговор.

6. Во ниеден случај не ја спомнувајте верата во случај на кавга, доколку тој има поразлични верувања од вашите.

10-zapovedi-na-zaednickiot-zivot-1

7. Секој од вас би требало да има поле во кое е одличен и другиот да му остави простор да ужива во тоа.

8. Кога ќе дојдете до степен на воспитување на децата, подеднакво дозирајте ја строгоста и попуштањето. Најдобро е ако двајцата ги имате истите особини за да создадете рамнотежа и хармонија во рамките на семејството.

9. Често ќе доаѓате во ситуација кога ќе настане кавга за нешто банално и можеби неважно. Контролирајте го инаетот и желбата за победа во кавгата.

10. Ако било кој од вас знае да прави нешто што другиот не знае, никогаш не го поставувајте тоа како проблем или недостаток. Во ниту еден случај не кажувајте нешто што ќе изгледа како да сте нерамноправни во таа врска.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg