Тајната на машко – женските пријателства

Разбиваме една долго дискутирана илузија – машко - женските пријателства се само приказна. Со згодна жена, мажот не може да има чисто платонски однос, ниту во најлудиот сон. Зошто? Не постои здрав и нормален маж кој може да поминува време со жена со која не е во крвно сродство, а да не му е ни малку привлечна.

tajnata-na-masko-zenskite-prijatelstva-01

Заклучок број 1: Мажите сакаат да се дружат исклучиво со згодни жени. А во неговата природа е да ја посакува до степен каде што од пријателството нема да остане ниту трага.

Заклучок број 2: Нормалниот маж има секакви фантазии со привлечна жена. Доколку таа потпадне под неговото влијание и сексот се случи, тука веќе се отвораат многубројни теми за иднината на таа врска, за која што мажите не се ни свесни дека постои. Мажите нормално се однесуваат како пријатели и после таа случка, а жената на тоа реагира бурно и нервозно. Пак доаѓате до степен каде што се разделувате со расправии и ништо од вашето пријателство.

Машко - женското пријателство е исклучиво деликатна тема и однос, како што веќе заклучивме. Тој е невозможен дури и кога сте убедени дека постои.

tajnata-na-masko-zenskite-prijatelstva-1

Дури и кога ви се чини дека сте совршено поврзани пријатели, таа приказна дека меѓу вас нема ништо речиси никогаш не држи вода. Барем не кога ја кажувате на некој трет човек. Целото друштво, семејство и речиси сите колеги мислат дека вие сте пар, и покрај тоа што вие го тврдите спротивното.

Со тоа го смалувате кругот на луѓе кои ќе се обидат да ви пријдат, а да не зборуваме за оние кои би ве поканиле на состанок. Девојките кои ве гледаат со вашата најдобра пријателка, како лудувате до раните утрински часови, никогаш нема да си помислат „таа му е само пријателка.“ А тек кога ќе си отидете дома заедно? Е тука веќе се е јасно.

Додека пиете и лудувате се е забавно, но што кога ќе се случи некој ненамерен допир, бакнеж? Веќе сте го одредиле патот на вашата врска, како што таа сака да ја нарече, а вие утредента дури и да не се сеќавате на такво нешто. Повторно вашиот пријател\пријателка има погрешна слика, со чие објаснување и разјаснување го ризикувате вашиот пријателски однос.

Сакале вие или не, пријателот или пријателката ќе ве маѓепса. Ќе ви раскажува како сте заедно од мали нозе, како секоја ситница сте ја поминале заедно и со тек на време станувате марионета на нејзината\неговата фантазија.

tajnata-na-masko-zenskite-prijatelstva-2

На крај, повторуваме уште еднаш за оние кои можеби не сфатија – машко – женските пријателства се историски мит во кој веруваат оние кои мислат дека немаат шанса за љубовна, романтична врска.

Мажот и жената се создадени да се привлекуваат. Дружете се со вашите пријатели исто како и до сега, и не се надевајте дека новата личност од спротивен пол која ви понудила пијачка, сака да биде само ваш\a пријател\ка.

Имате некој контра аргумент?

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg