Мислите дека сте имале три партнери, кога ...излегува дека биле илјада

Најголемата фармацевтска компанија  LloydsPharmacy смислила речиси ужасен калкулатор кој овозможува да се пресмета со колку луѓе сме дошле во сексуален контакт, сè со цел да се подигне свеста за ширењето на половите болести и големата важност за применување на сигурен секс.

mislite-deka-ste-imale-tri-partneri-koga-izleguva-deka-bile-iljada

Исто така потсетува и дека сексуално преносливите заболувања може да се пренесуваат преку контакт со кожа, орален секс или преку сексуални играчки.

На пример, калкулаторот покажува дека триесет годишна жена која била со седум партнери преку нив дошла во индиректен полов контакт со повеќе од половина милион луѓе.

Во калкулаторот се внесуваат годините на корисникот, полот, како и бројот на сексуалните партнери. Потоа се бараат податоци за годините кога се имале сексуалните односи, а крајната пресметка се добива со статистичка обработка на податоците за просечниот број на сексуалните партнери поврзани со полот и годините, како и бившите партнери.

Потоа процесот на пресметување се повторува за пет идни генерации партнери и се собира со претходните податоци, што доведува до вкупниот број на сексуални степени на раздвојување, како што научниците ја нарекле пресметката.

Целта на ова истражување е да се намали бројот на заболени од полово преносливи заболувања кој од 2008 година е во постојан пораст.

Ако сакате да проверите со колку партнери индиректно сте имале полов однос, калкулаторот се наоѓа на овој сајт.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg