Сите тајни за пенисот кои не сте ги знаеле

Можеби мислите дека знаете сè за вашата машкост, неговите потреби и можности, но сепак прочитајте што стручните лица имаат да кажат.

site-tajni-na-penisot-koi-ne-ste-gi-znaele-01

Човечкото тело е мистерија. Токму кога мислите дека најмногу го познавате, тоа во себе крие тајни кои не сте можеле да ги замислите.

Важноста на ерекцијата

За да го одржите вашиот пенис во форма, мора да имате редовни ерекции. Тобајас Колер, професор по урологија истакнува дека ерекцијата мора да биде секојдневна вежба.

Ако мажот е физички способен за ерекција, а не ја доживува во текот на еден ден, не треба да се грижи, заради секојдневните проблеми и грижи кои секојдневно влијаат негативно на еротскиот живот.

Меѓутоа, ако некои мажи физички не можат да доживеат ерекција, тоа може да биде последица од претрпена траума или оштетени нерви и крвни садови заради дијабетес.

Големината на пенисот не влијае на неговата големина во ерекција

Во едно истражување во кое учествувале 80 мажи, научниците откриле дека зголемувањето на пенисот значајно се разликува од маж до маж. Ерекцијата може да го зголеми од 0,6 до 9 сантиметри. Што значи дека големината на пенисот во опуштена состојба не влијае на големината за време на ерекција.

Пенисот како единствена зона за уживање

Многу од мажите сметаат дека нивниот пенис е најосетливата точка за стимулација. Но, во едно истражување било докажано дека голем дел од мажите може да уживаат со стимулација на други ерогени зони, без да го допрат пенисот.

Осетливоста опаѓа со време на годините

Истражувањата покажуваат дека пенисот со текот на времето ја губи осетливоста, иако тешко е да се одреди во која мера. Во принцип, по 25 години од животот, сензибилноста започнува незабележливо да опаѓа, а најдраматично е измеѓу 65тата и 75тата година.

Кожата на пенисот е живеалиште на голем број бактерии

Најновите студии покажале дека вкупно постојат 42 единствени бактерии кои настануваат исклучиво на кожата на пенисот. Меѓутоа, тука игра голема улога и обрежаноста.

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg