Четири совети за првиот секс со новиот партнер

Сте го запознале човекот на својот живот. Работите се развиваат во најдобра можна насока. Дојде ред и за малку акција под чаршафите. Бакнувањето е одлично, па претпоставувате дека така ќе биде и понатаму.

cetiri-soveti-za-prviot-seks-so-noviot-partner-1

Интимноста со нова личност на почетокот може да биде неспретна, не сте опуштени и многу работи се непознати, но еве мала помош околу тоа.

Правило број 1: Немојте да брзате

Првата заедничка ноќ бара да одвоите доволно време. Цел ви е внимателно да го следите развојот на случувањата и да видите што ви одговара. Така ќе откриете како да бидете задоволни уште првиот пат.

Правило број 2: Бидете свесни дека ќе има и непријатни моменти

cetiri-soveti-za-prviot-seks-so-noviot-partner-2

Да се биде со некого за прв пат е доволно стресно бидејќи постојано ќе се прашувате дали е добро она што го правите. Треба сосема природно да го прифатите несогласувањето кое што може да се случи, во спротивно може да се расипе целото доживување.

Правило број 3: Кажете нешто убаво

Мит е дека мажите се грижат само за своето задоволство. Всушност на мажите им е тешко да уживаат ако не се сигурни дека и на партнерката и е подеднакво убаво. Затоа важи за сите, кажете што сакате, немојте да мислите дека некој чита мисли. Немојте да глумите, за свое добро, тоа ќе го намали наредното уживање.

Правило број 4: Воздржете се од атракции

cetiri-soveti-za-prviot-seks-so-noviot-partner-3

Можеби сте нетрпеливи за да ги покажете своите секси трикови, но првиот пат не е време за тоа. Немојте да експериментирате со комплицирани пози или да се обидувате да изведувате тантрички маневри уште на првата заедничка ноќ.

Постои голема шанса да не успеете да изведете сè како што треба бидејќи сè уште не се познавате па и уживањето ќе биде помало. Таквите експерименти оставете ги за понатаму, но можете да најавите дека ќе следат поголеми уживања.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg