Кога жените треба да ја прекинат врската?

Било која врска,  а најмногу љубовната не може да опстане ако партнерите не се согласуваат и ако не си се предадени еден на друг.

koga-zenite-treba-da-ja-prekinat-vrskata-1

Ако вие сакате сериозна врска, а вашиот партнер сака нешто незадолжително, бидете сигурни дека колку и да се трудите да ги смените работите, на крај ќе останете разочарани.

Постојат ситуации кога единствено решение е прекин на врската, затоа реагирајте на време и поштедете си ги нервите.

Размислувате на различна фреквенција за важни прашања

Ако сакате некој покрај кој ќе се смирите, мора да биде тоа некој кој исто како вас, конечно сака мир. Нормално е дека треба да помине некое време од почетокот на секоја врска, за да се види кон што таа води. Најубаво е да разговарате отворено за важните работи и да видите кој каков став има околу тоа.

Ако во разговорот на било кој начин ви навестува дека нема намера да живее живот во двојка, веднаш прекинете ја врската и продолжете понатаму. Иако, овој разговор е тежок и непријатен за двајцата, подобро да се направи порано, отколку подоцна кога ќе биде многу поболно.

Насилник

Никогаш ама баш никогаш немојте да бидете во врска со маж кој ви врши психички или физички терор. Физичкото насилство никако немојте да го толерирате, ниту да го простите, бидејќи ако се случило еднаш ќе се случува и понатаму. Вам ви треба човек крај кого ќе се чувствувате сигурни, а не некој од кој ќе се плашите.

Тука спаѓа и психичкото насилство, како што е следење на секој ваш чекор, пораки и постојани телефонирања, а да не зборуваме дека пријател од спротивниот пол не доаѓа во предвид.

Мажот со кој сте во врска мора да ве почитува, да ве сака и да ви верува , а не да ве малтретира.

Недостаток на доверба

Ако во врската не си верувате еден на друг, тоа повеќе не е врска. Искреноста е најважниот темел за среќна врска. Ако се сомневате дека вашиот партнер ви е неверен и постојано го проверувате каде оди, што прави, како тогаш можете да уживате? Морате да разговарате од каде таа недоверба?

Ако не му верувате само затоа што ве изневерило претходното момче, тогаш морате да смените нешто кај себе. Не може секој нареден да ги плаќа гревовите на оној кој ви погрешил, но ако сте сигурни дека вашето момче ве лаже за било што, ставете и крај на врската.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg