6 знаци дека партнерот ве изневерува

Сузан Пери, која се занимава со советување на парови на својот сајт, смета дека со своето осумгодишно искуство со парови и нивните проблеми може да издвои шест најверојатни знаци на неверство.

6-znaci-deka-partnerot-ve-izneveruva

Еве кои се, по мислењето на Сузан, знаците дека партнерот/партнерката ве изневерува, или дека во блиска иднина се подготвува да ве изневери.

1. Тој/таа има тајни
Ако разговара во друга соба додека е на телефон, или го затвора лаптотпот кога ќе влезете во соабта, знајте дека вашиот партнер почнал да гради ѕид околу себе во случај еден ден да посака да побегне од вас.

2. Доаѓа до расправии без причина
Кога партнерот ќе стане раздразлив и ќе почне да се лути околу секоја ситница, знајте дека во позадина е нешто друго, нешто што му се случува, а пред вас за тоа мора да молчи.

3. Тој/таа ве обвинува дека не напредувате
Додека тој/таа напредуваат и развиваат нови интереси, вас ве обвинуваат дека сте премногу пасивни и дека ја кочите нивната нова енергија. Ако ваквите тврдења не се основани на реални факти, бидете внимателни.

4. Сè уште верува во магија и сродни души
Зрелите партнери се прилагодуваат на реалноста и на долгорочната љубов. Некои мажи и жени пак, ги третираат врските во кои што се наоѓаат како компромисно решение, додека „некаде таму е оној/онаа вистинската“ Ако еден од вас го обвинува другиот за сè поретките сексуални односи, тој всушност во грешките на партнерот бара оправдување за она што го прави, или се подготвува да го направи.

5. Еден од вас се чувствува запоставен во континуитет
Константната критика, дури и ако е изречена на нежен безгрижен начин, го прави човекот да се чувствува виновно и дека треба да биде сосема друга личност за да биде пожелен/а. Порано или подоцна, било кој од вас би можел да побара излез.

6. Ги заборава вашите убави почетоци
Ако не може да се сети на некоја случка, првиот состанок или друг значаен момент, време е за загриженост. Таквите убави спомени го изместуваат балансот на партнерот со реалноста која ја смета за несреќна, па затоа ги потиснува тие случки длабоко во себе.

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава