11 погрешни причини за брак

Луѓето не се безгрешни. Напротив, често прават погрешни чекори кои може да ги чинат среќа. Еден од тие чекори е и стапувањето во брак, со оглед на тоа дека има сè поголем број на млади кои стапнуваат на “лудиот камен” од потполно погрешни причини.

11-pogresni-pricini-za-brak-01

Доколку сакате вашата љубов да потрае, ова се причините заради кои никако не смеете да застанете пред матичарот.

1. Исполнувате желба на родителите - Тие ќе се чувствуваат многу подобро ако знаат дека некој се грижи за вас. Сепак, слушајте се себе си, а не нивните желби и идеи.

2. Бременост - На многу парови бременоста им е причина за брак, бидејќи таа очигледно била непланирана. Дали покрај новата улога на мајка/татко ја сакате и новата улога на сопруг/а? Размислете...

3. Барате татко на децата - Природно е самохраните мајки да имаат голема желба за втор родител, но верувајте дека на децата вие сте им потполно доволни додека не дојде оној вистинскиот.

4. Долго сте во врска - Имате партнер и добро ви е со него/неа. Веќе долго сте во врска и сакате нешто да промените. Не влегувајте во непромислен брак, подобро е да започнете заеднички живот.

5. Брак од интерес - До гуша сте со долгови, па барате партнер кој ќе се раздолжи наместо вас? Запрашајте се дали среќата има цена.

6. Сакате да се отселите од дома - Бракот не е причина за бегање од родителското гнездо. Доколку домашната атмосфера ви е неподнослива, подобро отселете се и живејте со некој пријател или цимер.

7. Притисок од околината - Секоја млада личност доаѓа до фаза кога сите околу неа се во брак и несвесно притисокот се пренесува. Не подлегнувајте, доволно сте зрели за сами да ја донесете таа одлука.

8. Брак заради кариера - Во одредени бизнис кругови полесно ќе поминете како личност во брак? Не наседнувајте на тие приказни.

9. Сите се во брак - Сите ваши пријатели и познаници навлегоа во брачните води, но вие и понатаму не се чувствувате подготвени и не припаѓате во нивниот свет. Препуштете ги работите да течат и помирете се дека и вашето време ќе дојде, без да го бркате.

10. Венчавка од соништата - Отсекогаш сонувавте за идеално венчавање како од бајка? Но, од сонот многу лесно може да се разбудите ако подоцна сфатите дека идеалот е далеку од љубов.

11. Сакате дете - Вистина е дека редоследот е важен, но размислете дали сте традиционален тип. Размислете каков тек на животот сакате да му дадете пред да се впуштите во ваков брак.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg