Зошто не ми се јавува?

Веројатно секој од вас се нашол во ситуација да исчекува повик, без разлика дали сте машко или женско. Постојат безброј причини зошто некој не ви се јавил...

 

... иако во основа ако некој сака да ве слушне - ќе ви сврти. Сепак, разгледајте ги и другите можни објаснувања.

Нема да се јават
Некои луѓе се луѓе на моментот - кога сте пред нив сакаат да го имаат вашиот број и си замислуваат илјадници нови средби на кои ќе си поминувате фантастично. Но утредента веќе се предомислиле.

Зафатени се
Ако оној/онаа што ви рекол дека ќе се јави не се јавил следните 2-3 дена, тоа не значи дека не сака. Можеби има zosto-ne-mi-se-javuvaнавистина многу работа, или пак веќе закажани средби/родендени/забави со пријателите и планира да се јави кога ќе се ослободи. И, малку потажно, но исто така можно, е дека кога сте размениле броеви таа личност била скарана со својот партнер, а во меѓувреме се смириле.

Си праќате пораки, но никако да се јави?

Има неколку можни објаснувања. Прво, другата личност можеби си го поставува истото прашање, па обидете се да го пресечете кругот на смс со тоа што вие први ќе се јавите. Второ, можеби се раоти за срамежлива личност на која ваквата комуникација и` е полесна. И трето, можеби постои личност што не треба да ги слушне тие разговори. Надевајте се дека се работи за родителите или колегите од работа, а не за дечко/девојка или сопруг/сопруга.

Машката улога
Ако сте сретнале некого на забава, сте муабетеле дел од вечерта, сте играле заедно, а можеби паднале и неколку бакнежи - сосема е можно дека барем еден од вас мисли дека ова е доволно. Но, особено мажите се научени дека треба да го побраат бројот на девојката и го прават тоа мислејќи дека така е подобро, иако не планираат да се јават.

Исто како што машките знаат дека во вака поставеното општество нивна е улогата да го побараат бројот, така знаат и дека нивна е обврската да се јават и да ја поканат девојката на состанок.
Но, како што сите знаеме, не се сите машки исти и на голем дел од нив им е тешко да го направат тоа. Па можеби момчето од кое очекувате повик се срами и има трема.

Мажите се научени на кратки телефонски разговори во кои разменуваат информации - и сега не знаат што да ви кажат и како треба да ве поканат. За некои е полесно кога ве гледаат во очи, а некои помалку се срамат по телефон. Тоа е индивидуално.

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg