Среќни по раскинувањето

Раскинувањето на врска на секој човек тешко му паѓа, а времето потоа е стресен период. Како да се извлечете најдобро по прекинот? Причини за раскинување...

 

...има многу: неверство, недостаток на почит, несогласување околу важни животни прашања и ставови, лоша комуникација.

Меѓутоа, секој во овој период се чувствува отфрлено, меланхолично и го доживува како загуба, бидејќи "тоа е всушност тоа"!

ВРЕМЕ ЗА ТАГА
Психолозите тврдат дека времето за тагување по раскинувањето на врска треба да се искористи за ретроспекција и srekni-po-raskinuvanje1анализа на пропаднатата врска. Чувството на тага и меланхолија треба да се прифати и да се даде доволно време целата таа ситуација да се одболува.

Луѓето често пати грешат бидејќи наместо да размислуваат за "она што било", тие размислуваат за "она што можело да биде", "во што погрешиле" и "што можеле да сторат". По првобитната тага потребно е реално да се согледа ситуацијата и да се размисли за врската.

Да се согледаат сопствените и грешките на поранешниот партнер, но не за да се обвинуваме себеси или другиот, туку за да извлечеме поука за наредната врска.

Времето по раскинувањето е идеално за согледување на сопствениот начин на живот, првенствено своите навики и нивнотот менување. Не е случајно кога многу луѓе по раскинувањето на врската сосема се менуваат.

ХЕДОНИЗАМ
Кога ќе останеме сами, треба самите себе да се ставиме во прв план, да поработиме на себе и да се "подобриме". Размислете што ве весели или со што сте сакале да се занимавате, а никогаш не сте се обиделе.

Тоа е идеално време за ново хоби и учење на нови вештини, спорт или уметност. На тој начин се зголемува самодовербата, и се оттргнува вниманието од тагата која не обзема. Со пронаоѓање на нови занимации се движиме помеѓу нови луѓе и внесуваме свежина во својот живот, а воедно ќе станеме и поинтересни за следниот партнер.

Времето по раскинувањето би требало да се искористи за уживање во самите себе. На тој начин се потсетуваме на се што сме постигнале во животот и сите свои способности. Многу е важно во тие моменти да бидеме вистински хедонисти и да мислиме исклучиво на себе. Да слушаме музика, излегуваме, читаме и правиме се што не прави среќни.

ЗАПОЗНАВАЊЕ НОВИ ЛУЃЕ
Во таков период од животот, како што е времето по прекинувањето на врска, многу е важно да се запознаваат нови луѓе и да се стекнуваат нови познанства и пријателства.

На тој начин го збогатуваме животот и му даваме една сосема нова димензија. Особено важно е да се оддалечиме од луѓето кои депримираат и да се држиме до веселите луѓе, забавните друштва и да дозволиме тие да не заразат со позитивно размислување.

Секој од нас се носи со прекинувањето на свој единствен начин. Но, еден начин сигурно е погрешен - да седите во мрачна соба, опкружени со хартиени марамчиња и да чекате подобри времиња. Подобрите времиња доаѓаат само ако самите ги создадеме.

Би можело да ве интересира:

„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Долга предигра и уште 5 совети за посилен и подолг оргазам (18+) Доживувањето задоволувачки оргазам е важен аспект за сексуалната благосостојба.....
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се заг... „Јас имам 33 години и сè уште сум уште невина, дали е ова штетно за женското здр...
„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg