Приказна што ќе ве освои: Се состанувам со девојка иако сум женет

Џерид Вилсон е сопруг, татко, автор и блогер. На својот блог тој јавно го пишува текстот со наслов „Се состанувам со девојка иако сум женет“.

prikazna-sto-ke-ve-osvoi-se-sostanuva-so-devojka-iako-e-zenet-01

Многумина би рекле дека тоа звучи ужасно и веднаш би го осудиле. Но, треба да ја прочитате неговата приказна. Иако не верувате, бидете сигурни дека ќе ве освои.

„Таа е неверојатна девојка. Убава е, паметна, силна и има неверојатна верба во Бог. Сакам да ја носам на вечера, во кино, да излегуваме на кафе и секогаш ѝ кажувам колку е убава.

Не можам да се сетам кога последен пат сум ѝ бил лут подолго од 5 минути. Нејзината насмевка знае да ми го разубави денот, без разлика на околностите.

Понекогаш доаѓа да ме посети на работа, ненајавено. Ми подготвува неверојатен ручек, а понекогаш ме изненадува и со колачиња кои сама ги направила.

Не можам да поверувам колку сум среќен што се состанувам со некоја толку прекрасна, и покрај тоа што сум женет.

Топло ви препорачувам и вие да го пробате тоа и да видите што може да направи во вашиот живот.

 prikazna-sto-ke-ve-osvoi-se-sostanuva-so-devojka-iako-e-zenet-1

Ох, а дали ви спомнав дека девојката со која се состанувам е мојата сопруга? Па, што друго очекувавте?

Само затоа што сте венчани, не значи дека вашиот живот со состаноци завршува.

Морав да продолжам да се состанувам со мојата сопруга иако се оженив со неа. Заведувањето и освојувањето меѓу нас не смее да престане само затоа што сме рекле „Да“. Често забележувам дека многу љубовни врски умираат затоа што престануваат да се заведуваат и освојуваат.

Состанувањето е време кога можеш многу да научиш и да откриеш за другата личност, и тоа на посебен начин. Зошто воопшто би сакале да престане тоа? Не треба. Оние пеперутки кои ги имавте на првиот состанок не треба да одлетаат само затоа што поминале години.

Будете се секој ден и заведувајте се меѓусебно како да сте на првите неколку состаноци. Ќе забележите драстична промена на подобро во врската, односот и бракот.

Комуникацијата и освојувањето се клучот за успешна врска. Никој не сака да биде во врска со некој што не сака постојано да го заведува и освојува.

Ве охрабрувам да почнете да се состанувате со вашите венчани партнери, да се заведувате, грижите и освојувате. Покажувајте ја љубовта секојдневно.

prikazna-sto-ke-ve-osvoi-se-sostanuva-so-devojka-iako-e-zenet-2

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg