Водич за прељубници: Како да изневерувате, а да не ве фатат?

Искусните светски прељубници откриваат како вешто да се забавувате на страна, а никој да не ве фати на дело.

vodic-za-prequbnici-kako-da-izneveruvate-a-da-ne-ve-fatat-01

Корисниците на еден портал за дискретни вонбрачни афери во анонимна анкета откриле некои од своите начини и финти како успешно да ги изневерите партнерите, а никогаш да не ве откријат. Дознајте ги најефикасните трикови:

За некои работи не се зборува

На личностите со кои имате афера не треба ништо да им кажувате за себе и за својот приватен живот. Колку помалку детали знаат за вас, толку подобро. Никогаш не се знае што може да се случува во иднина. Попаметно ви е да не се разоткривате премногу. Посебно да не ја кажувате домашната адреса и телефонски број. Никогаш не можете да бидете сигурни на што сè е подготвена другата личност.

Внимателно одберете ја локацијата

Повеќето испитаници сметаат дека најдобро е да се впуштите во секс шема со личност која не живее и не работи на исто или блиско место со вас. Едноставно, помали се шансите да налетате на некој што го знаете.

Сокријте ги доказите

Карминот на машката јака, мирисот на туѓ парфем, влакна од коса на сакото или на седиштето во автомобилот се само дел од видливите знаци. Кондомите во женската чанта, заборавени гаќички или размачкана шминка, сигурно предизвикуваат сомнеж. Иако ви се чинат како ситници, можат многу да значат.

Бидете внимателни со технологијата

Најдобро е да заборавите на комуникација по пат на меил, смс - пораки, Фејсбук или телефонска секретарка. Препорачливо е да купите нов број за мобилниот телефон кој ќе го користите само за личноста со која се гледате и кој нема да го знае никој друг. Ако не можете да го направите тоа, најдобро е секоја прочитана порака веднаш да ја бришете за да не оставате никакви траги кои може да бидат случајно откриени.

vodic-za-prequbnici-kako-da-izneveruvate-a-da-ne-ve-fatat-1

Не се менувајте

Ако сте нашле љубовник или љубовница немојте наеднаш да почнете да правите драстични промени. Ниту во физичкиот изглед, ниту во однесувањето. Секоја промена е сомнителна.

Заштитата е на прво место

Употребата на кондом е задолжителна. Сигурно не сакате на вашиот партнер да му пренесете некоја полова болест, а уште помалку некој да остане труден.

Чиста сметка, долга љубов

Никако не плаќајте со картички или чекови! Ниту излегувањата на кафе, ниту подароци или престој во хотелски соби. Плаќајте веднаш и на рака. Ако што било платите и добиете сметка, веднаш фрлете ја за да не оставате писмени траги и докази.

Не изневерувајте!

Наспроти сите мерки за претпазливост, секогаш постои барем 1 % шанси, саканата личност сепак, да ја открие прељубата. Единствениот совет кој дури и најискусните прељубници може да ви го дадат е дека ако не сакате да ве откријат, најдобро е да не изневерувате!

Имате вие некоја финта?

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg