Трикови поради кои ќе уживате повеќе во сексот

Повеќето луѓе се срамат да му покажат на партнерот што сакаат во креветот, но факт е дека мора да се опуштите ако сакате да го подобрите сексот и да уживате повеќе во него.

trikovi-poradi-koi-ke-uzivate-poveke-vo-seksot-01

Секси игрите мора да бидат составен дел од секоја врска. Доколку не разговарате со партнерот за своите фантазии и желби, му дозволувате да го прави она што не ви одговара и сето тоа само затоа што ви е непријатно да му ја кажете вистината. Во тој случај мора да знаете дека сте на погрешен пат.

Во секоја врска задолжителна е искрената сексуална комуникација со партнерот и неопходно е да знаете што го возбудува, но и тој да знае за вас. А до тоа сигурно нема да дојдете по пат на читање мисли, туку со разговор, пракса и вежби.

За почеток има неколку работи на кои мора да обрнете внимание и кои ќе ви помогнат да ги задоволите меѓусебно потребите.

Откријте му на саканиот што сакате

Молчењето нема да ви помогне, затоа отворете му се ан партнерот, а барајте и тој да ви се отвори. Не се срамете од него да побарате заедно да гледате некои од порно филмовите, користете секс играчки или да го наведете на брз секс на некое скришно место додека сте излезени. На вас е да ги поделите своите фантазии, а на партнерот е да ви помогне да ги остварите и обратно.

trikovi-poradi-koi-ke-uzivate-poveke-vo-seksot-1

Давајте му насоки за време на сексот

Секој човек го возбудуваат различни работи или исти но на поинаков начин. Некој сака бавно, некој брзо, друг силно... На вас е да откриете што ве привлекува и возбудува, а потоа да го поделите со партнерот. Не се срамете да му кажете кога нешто од она што го прави ве возбудува или го обожавате. За сè што ќе кажете или почувствувате нема да зажалите. Само ќе му ја дадете вистинската насока и ќе си го зголемите задоволството.

Бидете иновативни

Сексот кога-тогаш досадува ако секогаш се одвива во кревет и во истата поза. Затоа треба да смислувате и да испробувате нови начини, места пози кои ќе внесат дополнителна магија под покривката. Нема причина поради која баш вечерва не би пробале секс во кујната, бањата, лифтот, автомобилот или да посетите некој секси шоп и заедно да одберете некоја интересна играчка. Фантазијата е безгранична, а само ако отворено се искажете може да уживате.

Би можело да ве интересира:

Не се мажи за мажот што може да ти купува скапи работи, туку за мажот што вистински се грижи за тебе Омажи се за маж што пред сè сака ти да бидеш добро. Омажи се за мажот што се пој...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg