Фрази кои тој никогаш нема да ви ги заборави

Иако овие фрази изгледаат многу невино и вообичаено сепак внимавајте кога му ги кажувате на вашиот партнер. Тој нема да ги разбере онака како што вие сте планирале да ги разбере.

frazi-koi-toj-nikogas-nema-da-vi-gi-zaboravi-01

Избегнувајте ги или потполно преформулирајте ги:

 Имаш премногу бели влакна на главата

Немојте ниту да се шегувате со него кажувајќи му го тоа. Секој пат кога ќе се погледне во огледало ќе се сети на вашата реченица и тоа лошо ќе се одрази на неговата самодоверба.

Знам дека си несреќен...

Не му го потенцирајте тоа бидејќи тој помислува дека вие го сожалувате. Гледајте да зборувате во множина. Ако веќе нешто тргнало наопаку, бидете заедно несреќни.

Сметаш дека згаснаа искрите меѓу нас?

Што ако тој смета дека одлично сте функционирале до тогаш? Тоа прашање ќе го загрижи и тој ќе мисли дека имате проблем. Затоа заборавете на прашањата од таков тип и пријдете му со разговор.

Мајка ми смета дека треба да побараш друга работа

Во ред е да дискутирате со вашата мајка околу деталите и односите со вашиот сопруг, но немојте нему да му ги кажувате советите на мајка ви. Веројатно тој веќе знае дека му е потребна друга работа и слично.

Добро е додека децата ни се среќни, нели?

НЕ! Ова не сака да го чуе вашиот партнер. Секако дека среќата на децата е на прво место, но пробајте фокусирајте се и на вашиот брак.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg