5 знаци дека сте во добра врска

Ниедна врска не може да биде совршена и идеална. Секогаш ќе постои некое несогласување меѓу партнерите бидејќи секој има свои интереси и допаѓања. Но секогаш е добро да постои таа рамнотежа околу несогласувањата.

5-znaci-deka-ste-vo-dobra-vrska-01

Тоа во ниеден случај не треба да значи дека не можете заедно, напротив,тоа може да сигнализира дека вашата врска ќе трае доживотно.

Проверете дали во вашата врска ќе пронајдете некоја од овие карактеристики:

1. Двајцата имате свои несигурности

Но, сепак, совршено се надополнувате бидејќи тие несигурности се спротиставуваат. На тој начин се охрабрувате и поддржувате во секој чекор.

2. Секое излегување го претворате во состанок

Колку и да сте долго заедно не треба да заборавите дека сè уште може да си дозволите интересни први состаноци. Заедничкото време треба да е забава и уживање.

5-znaci-deka-ste-vo-dobra-vrska-1

3. Се случува да ги излажете пријателите, но никогаш меѓусебно

Некогаш ги лажете пријателите за да ја одбегнете вечерта со нив и да можете да останете заедно во тивка, романтична ноќ.

4. Секогаш гледате да сте блиску еден до друг

Дури и да сте илјадници километри оддалечени го користите секој миг за да разговарате и се чувствувате како воопшто да не сте разделени.

5. Купувате подарок без посебна причина

Дури и ако не постои никаква прилика, сепак кога ќе начекате нешто едноставно го купувaте. Тоа е мал трик со кој докажувате дека приликата не е важна туку намерата.

5-znaci-deka-ste-vo-dobra-vrska-2

Секако постојат уште многу докази меѓу кои најважни се меѓусебната почит и разбирање. Доколку вашата врска ја препознавте во овие карактеристики тогаш честитки, бидете сигурни дека ќе останете заедно доживотно.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава