Девојки, дознајте што мислат и чувствуваат момците

Сигурно често се прашувате што размислуваат мажите, како се чувствуваат, зошто не ги покажуваат емоциите. Знаете и гледате дека нешто му се случува, но никако тој целосно да се искаже. Колку пати досега сте сакале да откриете на што помислува или зошто се однесува чудно?

devojki-doznajte-sto-mislat-i-cuvstvuvaat-momcite-01

Има неколку начини на кои барем ќе насетите што се случува и без да го прашате:

1. Прифатете го фактот дека им е тешко да се носат со емоциите

Факт е дека мажите тешко ги изразуваат емоциите. Ниту еден не сака да покаже кога е тажен или фрустриран. Дајте му до знаење дека сте секогаш тука за него без разлика на сè. Тоа ќе го охрабри да се отвори и да ви се довери споделувајќи ги своите мисли и чувства со вас.

2. Препознајте ги невербалните знаци

Можеби вашиот сопруг нема да ви каже дека е под стрес, но ако го забележите како е замислен, тропка со прстите или има нервозни и брзи движења, тоа е еден од знаците по кои треба да сфатите. Во тој момент бидете покрај него и обидете се да создадете опуштена атмосфера која ќе го релаксира.

3. Дајте му простор

Кога се соочени со проблем, жените главно разговараат за тоа, а момците се повлекуваат и размислуваат за решение. Кога вашиот сакан е тивок и молчалив дајте му простор и дозволете да најде решение за проблемот на свој начин.

4. Дозволете му да се ослободи од стресот

Понекогаш на мажите им е неопходно да ги исфрлат фрустрациите од себе на нивни начин. Понекогаш тоа го постигнуваат со спорт, некогаш со бегство, возење автомобил, а понекогаш и со викање. Не ја продолжувајте караницата и не продолжувајте да викате. Оставете го, самиот ќе ви се извини кога ќе му помине.

5. Не му барајте љубов

Никогаш не молете и не барајте љубов и внимание. На тој начин само дополнително го нервирате. Кога тој тоа го чувствува самиот ќе ви го покаже на негов начин. Ако треба да барате само ќе го заморувате, а доколку тоа не го чувствува навистина, нема ни да го добиете.

devojki-doznajte-sto-mislat-i-cuvstvuvaat-momcite-1

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg