9 работи кои ги сфаќате кога ќе се смирите со бившиот

Често се случува да не може да се преболи бившата љубов, да се пати долго, но и покрај сета болка повторно да посакувате да бидете заедно.

9-raboti-koi-gi-sfakjate-koga-se-gledate-so-bivshiot-01

Но, таквото враќање назад си носи и свои предности, но и свои маани. Постојат некои работи кои со сигурност ги учите и ги сфаќате кога повторно ќе почнете да се гледате со бившиот партнер.

1.Болката ги менува луѓето

Прифатете го фактот дека болката од навредите или раскинувањето ги менува луѓето. Сакале да прифатете или не, никогаш нема да биде исто како порано. Секогаш ќе гледате доза опасност и страв од нови повреди во оној кој еднаш ви нанел болка.

2. Поблиски сте еден со друг

Ова е едно од најдобрите нешта што произлегуваат од дружењето со некој кој веќе го познавате. Знаете што му се допаѓа, а што не. Знаете што може да го налути, а што може да го расположи. Ја забележувате разликата  помеѓу шегите и вистините кои си ги кажувате на шала. Знаете точно како меѓусебно размислувате.

3. Вашето заедничко минато само долева масло на огнот

Ова треба да го избегнувате. Ако сте направиле нешто лошо во минатото, старите грешки може да ви се вратат и да ја зголемат тензијата во моменталната ситуација. Секогаш ќе виси во воздухот она: „Ако си направил нешто еднаш, ќе го направиш повторно“.

9-raboti-koi-gi-sfakjate-koga-se-gledate-so-bivshiot-1

4. Нема да им се допадне на сите вашата врска со бившиот/та

Не очекувај сите да се радуваат и да ја прифатат вашаат нова врска со стариот партнер. Не е дека некој не сака да бидете среќни, туку не сака повторно да патите за истата личност. Пријателите и семејството сè уште ги памтат сите исплакани солзи, непреспиени ноќи и долгометражни разговори и утехи, а сега наеднаш  истата опасност се заканува по вторпат. Не им се лутете, не ги обвинувајте и прифатете дека мислат за вашето добро.

5. Секогаш се штитите

Ова е речиси вообичаено за сите врски, но овојпат сте уште попретпазливи. Не е дека не верувате, само сте поучени од искуството. Се трудите да се заштитите на секој можен начин за да не бидете повредени како претходно.

6. Не може да им се верува на сите кои се од другата страна

Ниту вие, ниту партнерот не може да им верува на сите кои се од спротивната страна. Секој се сомнева дека можеби некоја личност од таа страна е токму причината за разделбата која се случила претходно. Па, во овој втор обид, некако, секој на секого внимава за да не дојде повторно до нешто слично.

9-raboti-koi-gi-sfakjate-koga-se-gledate-so-bivshiot-2

7. Нова авантура. Направете нешто што не сте го направиле претходно

Изненадете го партнерот. Не се плашете да пробате нешто ново. Одете на места каде не сте биле претходно. Поинаку е овој пат. Можеби некои стари места ви будат тажни, некои среќни спомени. Но, одете на ново место кое можеби ќе стане ваше омилено.

8. Прашувајте директно

Сите работи кои ги премолчивте сега може да ги кажете. Нема веќе што да криете. Расчистете, прашајте сè што ве мачи и почнете од почеток. Само така ќе може да си обезбедите нов почеток и однос изграден на доверба кој ќе може да го заштитите.

9. Конечно сфаќате дека без некого не можете

Откако ќе помине време и покрај отсуството некој ќе сфати дека не може да живее без нечие присуство, тогаш е моментот кога се отвораат сите карти. Тогаш нема потреба од игри и глумење, туку се прави сè за да се врати личноста која ви значи. Не ја коцкајте таа шанса, бидејќи може да ви биде последна.

9-raboti-koi-gi-sfakjate-koga-se-gledate-so-bivshiot-3

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg