8 трендови на љубовните врски во иднина

Времињата и трендовите се менуваат постојано, а со тоа и начинот на забава и функционирањето на врските. Денешните врски се многу поинакви од оние во кои биле нашите родители или нивните родители.

8-trendovi-na-ljubovnite-vrski-vo-idnina-01

Денес, за разлика од некогашната брачна приврзаност најмногу се цени независноста и слободата на поединецот, па дури и врската.

Новата студија на веб – страницата за запознавање „Elite Singles“ открила дека она што некогаш се сметало за „нормално“, застарело. Ние еволуираме како друштво, а со нас и нашите врски. Австалискиот футуролог, професорот Рејнолд Поп, соработувал со „EliteSingles“ за да открие каде се насочени нашите врски и што може да очекуваме во иднина од нив.

Според тоа дошол до следниве заклучоци:

1. Луѓето ќе бидат попребирливи

Смирувањето во бракот е нешто кое им припаѓа на старите генерации. Во иднина луѓето ќе имаат многу високи барања кои некој ќе мора да ги исполни. Тоа значи дека квалитетот на врската ќе биде многу важен.

2. Независноста ќе биде најважна

Луѓето веќе не сакаат да живеат за некој друг, туку само за себе и на тој начин се ставаат на прво место. Дури 40 % од испитаниците би го одложиле заедничкиот живот со партнерот во намерата за подолго да ја одржат независноста.

3. Терапијата за парови ќе стане задолжителна

Според докторот Вајбик Неберич, психологот на „Elite Singles“, паровите денес се порасположени од порано за да ги согледаат проблемите во развојот на својата врска и да се соочат со нив, наместо да ги одрекуваат, што значи дека во иднина уште поотворено ќе зборуваат за тоа.

4. Одвоеното живеење ќе биде попосакувано

Заборавете на заедничкиот живот. Дури 60 отсто повеќе ќе сакаат да живеат сами, поради независноста, слободата и поради поудобното спиење.

8-trendovi-na-ljubovnite-vrski-vo-idnina-1

5. Во бракот поважно ќе биде „искуството“, отколку „поткрепата“

Бракот постепено престанува да биде потреба. Оние кои во иднина би вложувале во бракот, тоа ќе го прават поради сигурност и традиција, но и поради искуството.

6. Ќе беснее сериска моногамија

Иако анкетата на „Elite Singles“  открила дека луѓето и понатаму веруваат во вистинската личност, и иако 85 отсто од нив посакувале животен партнер, само 45 отсто од испитаниците веруваат дека може да имаат само еден партнер до крајот на животот. Во иднина луѓето ќе имаат повеќе краткорочни партнери. Ова особено важи за жените постари од 45 години, додека оние кои имаат 35 и понатаму ќе веруваат во идејата дека е можно да се има само еден партнер. Во овој случај, иако тоа не е научно докажано, сепак за делумно виновни се сметаат сите романтични книги и филмови.

7. Нема да биде срамота да се биде сам

Денес е нормално некој да биде сам на 20 или 30 години, но не и понатаму. Во иднина тоа ќе биде нормално за луѓето од секое доба, поради претходно наведеното верување за сериска моногамија.

8. Запознавањето преку интернет ќе биде главен начин на запознавање

Колку повеќе се криеме во удобната зона помеѓу сигурните ѕидови и пред екраните, толку помалку имаме време за контакти и средби во живо, па запознавањето преку интернет ќе биде сè позастапено и на крајот ќе се претвори во норма, во „традиционален“ начин за запознавање на луѓето.

8-trendovi-na-ljubovnite-vrski-vo-idnina-2

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg